Македонија Топ вести

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Францускиот претседател, Емануел Макрон, смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ. На заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон кажа дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно. За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат, пренесе Дојче веле.

– Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите, рече Макрон.

Канцеларката Меркел на прес-конференцијата ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Северна Македонија. И Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива. Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси“.

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Партијата на европски социјалисти со поддршка за македонската Влада

saso user

Претседателот Пендаровски во разговор со солидарни граѓани: Вашата хуманост ќе биде раскажувана и на идните генерации

saso user

Резултати од работењето на Алкалоид за јануари-септември 2019 година

saso user