Свет Спорт

Бугарската полиција почна да ги апси расистичките навивачи

Петмина навивачи, кои на фудбалскиот наптпревар Бугарија – Англија во Софија, покажуваа нацистички поздрави, се уапсени и однесени во полициска станица во бугарската престолнина.

Полициската акција продолжува на територијата на Софија и во околните реони. Според истражителите, има луѓе од Софија, но и од соседните градови, по кои се трага и се очекува да бидат однесени во полициските станици.

Натпреварот што заврши со 6:0 за Англија, на двапати беше прекинуван поради расистички испади на бугарските навивачи. Шефот на судиската комисија на Бугарскиот фудбалски сојуз Јордан Сталев и четворица други беа приведени за сослушување . Премиерот Бојко Борисов побара оставка од претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, кој прво одби а потоа најави дека ќе поднесе оставка.

УЕФА го испитува случајот, а на британската амбасадорка во Бугарија Ема Хопкинс и’ беше пренесено извинување на британскиот наород за однесувањето на бугарските навивачи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѓоковиќ елиминиран од Монте Карло, изгуби од Медведев

saso user

Како може да изгледа одвикнувањето на децата од мобилни, лаптопи и ТВ екрани

saso user

Луксузна јахта која добила неколку награди потона во Средоземното Море

saso user