Бизнис

Анѓушев: Добро е одмерена минималната плата

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека мерката за зголемување на минималната плата е добро одмерена и договорена со сите социјални партнери. Тој денеска повтори дека минималната плата во државата не се разликува од оние во регионот и оти таа е заштитен механизам за оние работници кои немаат избор на пазарот на труд.

– Секоја држава како заштитен механизам воведува минимална плата. Во нашата држава, минималната плата не се разликува многу од минималните плати во околината. Но, од друга страна мора да се заштитат сите оние кои немаат избор во работата, а реалната состојба на терен е дека таа минимална плата практично е мала за работниците кои имаат капацитет да понудат знаење. Реалната состојба е дека работници за индустријата нема. Сите индустриски капацитети имаат проблем со наоѓање на работна сила така што цениме дека мерката е добро одмерена – изјави Анѓушев.

Додаде дека ова е и еден од начините да се задржат граѓаните да не ја напуштаат државата.

– Ние го имаме проблемот со заминувањето на нашите млади од државата и тоа не е проблем само кај нас, туку и на целиот регион. Не смееме да бидеме контрадикторини, туку да бидеме доследни. Од една страна, викаме што ќе направиме за да ги задржиме граѓаните во нашата држава, а еден од начините да ги задржиме е да им обезбедиме подобри услови за живот. Еден од подобрите услови за живот е да имаат и подобри лични примања така што доколку сакаме да бидеме посветени мораме да правиме вакви мерки за да обезбедиме подобар живот за граѓаните – рече Анѓушев.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ФИТР: Во финална селекција се 66 домашни компании за проекти за технолошки развој

saso user

Апостолска: Компанијата „Кромберг и Шуберт“ е една од најголемите работодавачи

saso user

Во Бутел се гради најголемата социјална зграда

saso user