Урбани вести

СЕ УРЕДУВА ПАРКИНГ ПРОСТОР НА УЛИЦАТА „СЕРАФИМ КИТАНОСКИ“

Со цел да се обезбедат поголем број на паркинг места за граѓаните и туристите во централното градско подрачје, општина Охрид започна со чистење и уредување на паркинг просторот на улицата „Серафим Китаноски“, која има еднонасочен режим на сообраќај.

Во рамки на работните активности на терен, екипите на ЈП „Охридски комуналец“ извршија  расчистување на просторот, по што ќе се пристапи кон поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Според планираното, на оваа улици ќе бидат обележани 28 паркинг места.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЗАВРШИ ЧЕТИРИЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

saso user

12-ТИ ОХРИДСКИ ХОРСКИ ФЕСТИВАЛ

saso user

Сашо Донев -Охриѓани не живеат подобро од претходно, во целата држава има чемер и јад

saso user