Досие Македонија Топ вести

ОхриСкај обзнанува – Сите тајни и замешани лица во случајот „Рекет“, дел 1-ви

За нештата да бидат појасни, многу нешта со аферата „Рекет“ се сокриваат од очите на јавноста. Воопшто не станува збор за некакви си јавни обвинителски тајни поврзани со истрагата за „Рекет“, туку станува збор за многу посензитивни дејствија, кои Јавното обвинителство предводено од државниот обвинител Јовески, шефицата на Јавното обвинитеслтво за гонење на организиран криминал и корпуција Вилма Рускоска, но и високи државни високи функционери од извршната власт, сплотени по принцип три во едно за да се разводни целокупната афера поврзана со учесниците во „Рекет“.

АДВОКАТСКОТО ДРУШТВО КАМЧЕВА ПРВИ ГО ПРИЈАВИЛЕ РЕКЕТОТ КАЈ РУСКОСКА И ВО УБК.

На почетокот на месец јануари 2019 година Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев и сопственик на Адвокатско друштво Ана Камчева во осум наврати, лично во кабинетот на тогашниот директор на УБК Горан Николовски-Џони, лично пријавил дека од неа и од нејзиниот сопруга Орце Камчев има обиди за изнуда на 10 милиони евра, како би можел незјзиниот сопруг Орце Камчев да биде ослободен од притворското одделение на затворот Шутка. Ана Камчева го известила директорот Николовски дека најнапред се бараат да им бидат исплатени 500 илјади евра на лицето Борјан Јованоски попознат како Боки 13 и лицето Зоран Милески-Кичеец. Посредник на сите средби бил лицето Зоран Милески-Кичеец кој кај Ана Камчева настапувал како загрижен фамилијарен пријател на Орце Камчев. Ана Камчева пријавила кај директорот на УБК Николовски дека како посредник во бараните пари се јавува и специјалната  јавна обвинителка Катица Јанева која телефонски ги потврдувала сите барања кои ги изнесувал Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

По примената пријава од адвокатаката Ана Камчева тогашниот директор на УБК, Николовски во рамките на своите законски овластувања веднаш изготвил службена белешка, согласно Закон веднаш ја известил по писмен пат и јавната обвинителка Вилма Рускоска од која побарал согласно Закон Рускоска да издаде соодветен налог за примена на посебни истражни мерки. Од страна на поранешниот директор на УБК по службен пат бил известен и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. 

Поранешниот директор на УБК, Николовски добил осум пријави од страна на Камчева и од сите осум случаи постапил строго професионално и изготвил извештаи кои биле проследени до обвинителката Вилма Рускоска.

АНА КАМЧЕВА СО КРЕДИТ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА И СО ПОЗАЈМИЦА ИСПЛАТИЛА 500 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ТОГАШ ЗАПОЧНАЛ ВИСТИНСКИОТ РЕКЕТ.

Ана Камчева од директорот на УБК, Николовски побарала МВР да ги обезбеди бележани банкноти во износ од 500 илјади евра, за што по консултација помеѓу МВР и ЈО и било одговорено дека од дадениот момент ниту МВР, ниту Обвинителството имаат на располагање толкав износ на парични средства кои би биле претходно технички обработени и дека мора сама да се снајде за бараниот износ.

Во месец јануари Ана Камчева бара и добива прием кај директорот на Комерцијална Банка, Хари Костов. Од него бара и добива да во итна постапка, со оглед на малиот временски период кој и е даден за исплата  на Рекетот од 500 илјади евра. Таа ги заложила својот воден парк, но од Комерцијална Банка добива само кредит од 150 илјади евра. Она што не се знае во јавноста и што некој упорноста од јавноста сака да го сокрие е фактот дека Орце Камчев од ОРКА Холдинг добива месечен личен доход легално во РСМ плата од 250 илјади евра месечно. Кога ќе се соберат кредитот од Комерцијална Банка од 150 илајди евра и личниот доход за месец декември за 2018 година на Орце Камчев од 250 илјади евра, Ана Камчева дошла до кеш од 400 илјади евра, кој кеш е легален, на Камчева и недостасувале уште 100 илјади евра, нешто за што знаеле Боки 13 и Зоран Кичеец. Веднаш Кичеец се понудил да и даде позајмица од 50 илјади евра, додека другите 50 илјади евра Ана Камчева ги зема од нејзин вработен колега, адвокат со потекло од Демир Хисар, а чија мајка пак е судија во Апелациониот суд во Битола?! 

Од кога Ана го обезбедила потребниот баран кеш од 500 илјади евра истиот го предала на Боки 13 и Зоран Милески -Кичеец, за што истиот случај целосно е покриен од страна на УБК со примена на посебна истражна мерка. 

РУСКОСКА И ЈОВЕСКИ ВЕДНАШ ГО ИЗВЕСТИЛЕ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЗА КРИМИНАЛ ПОВРЗАН СО КАТИЦА ЈАНЕВА.

Од кога Камчева ги исплатила бараните 500 илјади евра, Катица Јанева како специјален обвинител дава согласност Орце Камчев да биде префрлен од Притворското одделение Шутка во домашен притвор. Камчев завршува во домашен притвор, но сега има нови барања за многу поголеми износи, кои Ана Камчева повторно ги пријавува кај поранешниот директор на УБК, Николовски.

Од тогаш спроведените посебни истражни мерки јавната обвинителка Вилма Рускоска доаѓа дод релевантни показатели кои укажуваат вмешаност на повеќе лица, од кои голем дел биле истакнати политичари на високи функции.

Вилма Рускоска и Љубомир Јовески веднаш остваруваат средба со премиерот Зоран Заев, со оглед на сензитивниот дел дека во криминал е замешана специјалната обвинителка Катица Јанеца, но и многу други бизнис политички фаци, нешто за што може да се доведе до ситуација да биде колапс на севкупниот правен систем во државата. За напомена, а за да нема шпекулации премиерот Заев до критичниот момент воопшто не  знаел и немал никакви сознанија за аферата „Рекет“. Исто така за да нема забуна, премиерот Зоран Заев до тогаш во приментата на посебни истражни мерки нема  ама нема баш ниту какво влијание ниту негова лична замешаност.

Она што го дознаваме е фактот дека на средбата Заев буквално пребледел и не можел да верува се што се случува со Катица Јанева и со лицата инволвирани во случајот „Рекет“.

ОхридСкај секогаш ја објавува вистината па така и сега. Во тоа време започнаа претседателските избори во РСМ и воопшто во тој временски период не би било добро во време кога се избира прв човек на Држава да излезе ваков скандал од невидени размери. Заев единствено нешто што побарал од Јовески и од Рускоска е Обвинителството да си ја работи професионално својата работа, но ако има можност сите дејствија и откривање на аферата „Рекет“ да се одвива веднаш по претседателските избори. За напомена тогашниот кандидат за претседател на Коалицијата предводена од СДСМ, а сега и претседател на РСМ, г-дин Стево Пендаровски, во тој момент се до неговото стапување на претседател на РСМ немал никакви сознанија за аферата „Рекет“.

Продолжува,

Ќе читате: Сите пикантерии, инволвирани лица во „Рекет“, како обвинителот Јовески го заштитува Орце Камчев, како е изиграна ОБСЕ и Америчка Амбасада, како поминала руската шема во аферата „Рекет“, како и многу нешта кои се сокриваат од јавноста.

Сашо Денесовски – Лично 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Грипот однесе уште пет животи, досега 28 починати

saso user

Педесет и четиригодишен струмичанец е обвинет за свирепо убиство

saso user

Заев со „слушалки на очи“ ги селектирал бомбите на албански

saso user