Балкан

Часови по грчки и персиски за деца бегалци за полесно вклучување во грчките училишта

Центарот за интеграција на мигранти од општина Солун организира часови по грчки и персиски јазик за деца бегалци од шест до 17 години за нивно полесно вклучување во училиштата во Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, jави дописничката на МИА од Атина.

Заменик градоначалникот на Солун, задолжен за социјална политика, Харис Аидопулос за АНА-МПА вели дека станува збор за активност во рамки на програмата „React“ во соработка со УНИЦЕФ и невладини организации, а часовите за децата ќе се одржуваат два пати седмично во попладневните часови.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Американската амбасада стравува за терористички напад во Грција за Божик

saso user

Нова демократија во водство пред СИРИЗА, според анкетите

saso user

Пријавени над 2000 штети од земјотресот во Атина

saso user