Бизнис

Тројца добитници на Нобеловата награда за економија

Абиџит Банерџи, Естер Дифло и Мајкл Кремер се овогодишни добитници на Нобеловата награда за економија за нивниот „експериментален пристап кон намалување на глобалната сиромаштија“.

Дифло, втора жена добитник на Нобелова награда за економија по Елинор Остром во 2009 година, рече дека наградата ја прави „многу понизна“. Таа е исто така и најмладиот добитник на Нобелова награда за економија.

Наградата, која официјално се вика „Награда на Шведската банка за економски науки во сеќавање на Алфред Нобел“, не ја воспоставил самиот Нобел, но сепак се смета за една од основните награди.

Признанието го воспостави шведската Централна банка во 1968 година, а првиот добитник беше избран една година подоцна.

Наградата изнесува девет милиони круни (918.000 американски долари), златен медал и диплома.

Минатата недела беа доделени Нобеловите награди за медицина, физика, хемија, две награди за литература и наградата за мир.

Сите добитници ќе ги примат наградите на 10 декември во Стокхолм, на годишнината од смртта на Нобел во 1896 година, освен добитникот на наградата за мир. Нобеловата награда за мир традиционално се доделува во Осло.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анѓушев: Има две решенија за „Еурокомпозит“

saso user

Најавен силен раст на капиталните инвестиции во вториот и во третиот квартал

saso user

Мариа Габриел: Верувам дека ќе се надминат политичките тензии околу роамингот

saso user