Бизнис

Се изработува документација за автопат Битола – Прилеп

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска информираше дека низ државата се рехабилитираат патишта во вкупна должина од околу 100 километри, во кои е вклучен и патот Битола-Тополчани-Прилеп долг 15 километри, за што се обезбедени милион евра.

– Реконструкцијата на овој пат ќе заврши напролет, но за Пелагонискиот регион очекуваме до крајот на годината да биде тендериран и патниот правец од Битола до Меџитлија со што ќе се овозможат градежни активности во рана пролет. Во моментов во тек е и тендерот за звучни бариери кои ќе бидат поставени на обиколницата во Битола кај месноста Баир, а на Градежниот факултет во Скопје се изработува документација за изградба на автопат Битола – Прилеп – рече Китанов.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Околу два милиони евра за проекти за подобрување на соработка меѓу Северна Македонија и Косово

saso user

Новата цена на горивата во вторник ќе ја дознаете на бензиска пумпа

saso user

Анѓушев: Очекувам 2019 година да биде најуспешна во последните 15 години

saso user