Сцена

Почина тригодишната ќерка на славниот актер ФОТО

Американскиот актер Мигел Сервантес и сопругата Кели доживеале една од најголемите животни трагедии – смртта на дете.

Тригодишната Аделаид Грејс починала минатата недела, а тажната вест ја потврдила Кели на Инстаграм со срцепарателна црно-бела фотографија од нејзината соба.

„Апаратите се исклучени. Нејзината креветчето е празно. Тишината е заглушувачка. Аделаид Грејс нè напушти во неделата наутро. Таа замина во мир, во моите раце, опкружена со љубов. Конечно се ослободи од болката и нападите, но нашите срца се скршени. Те сакаме неописливо“, напишала неутешната мајка.
Објавата ја споделил и Мигуел, а на брачниот пар обожавателите му пратиле многубројни пораки со сочувство.

Малата Аделаид со епилептични напади се борела од седмиот месец од животот, а Кели за тоа искрено пишувала на својот блог.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ѕвездата на „Е.Т.“ уапсен откако го нашле онесвестен во автомобилот ФОТО

saso user

Холивудскиот актер „мртов“ пијан направи скандал на Вимблдон! ВИДЕО

saso user

Мадона се прошета со бурка на аеродромот ФОТО

saso user