Свет

Полицијата се распоредува по Киев, националистите се собираат

Полицијата распореди сили околу главниот град на Украина, додека екстремно десничарски и националистички групи се собираат во знак на протест против претседателот Володимир Зеленски и неговиот мировен план за источна Украина.

Со една минута молчење пред споменикот во Киев, Зеленски им оддаде почит на Украинците убиени во петгодишниот судир со сепаратистите поддржани од Москва.

Украинскиот претседател треба да ги посети и воените сили на исток.

Властите очекуваат десетици илјади луѓе на демонстрациите на националистите кои го одбележуваат Денот на одбрана на татковината.

Зеленски ги повика учесниците да избегнуваат насилство и предупреди на потенцијални провокации.

Демонстрантите се против договорот за локални избори во источна Украина, и стравуваат дека со тоа и се даваат премногу отстапки на Русија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Феномен: Зошто во ова село веќе 10 години се раѓаат само девојчиња!

saso user

Министерство на САД изгубило над 60 кутии со податоци од крими истраги

saso user

Лондонската полиција со 2.000 пораки до клиенти на нарко група

saso user