Бизнис

Поевтинуваат бензините, ова се новите цени

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат и остануваат 70, односно 62 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за за 0,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,694 денари за килограм.

Како причина за промена на цените од РКЕ ги посочуваат за околу 1,68 отсто пониската референтна цена на бензинот на светскиот пазар во изминатите седум дена, зголемената цена за 1,31 отсто кај дизелот и за 0,68 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Народна банка: Колку побрзо во НАТО и во ЕУ, толку повеќе странски инвестиции

saso user

Нафтата поскапа за 30 отсто од почетокот на годината

saso user

Шест пати повеќе прекршувања на работничките права од пријавеното кај инспекторите

saso user