Македонија Топ вести

Османи: Пристапните преговори може да почнат веднаш

Спремни сме за предизвикот кој го носат пристапните преговори. Тие може да почнат веднаш, рече вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.

Во обраќањето Османи реферираше за текот на транспонирањето на европското законодавство, при што пред присутните објасни детално до каде е процесот и што ја очекува земјава откако ќе ги започне преговорите со Унијата, а ја презентираше и преговарачката структура чие воспоставување е веќе финализирано.

– После две децении во процесот на европска интеграција, РСМ конечно ќе премине во долго очекуваната фаза на преговори која претставува не награда туку валоризација на се она што го постигнавме заедно, особено реформите кои беа спроведени со консензус и на партиите на власт и на тие во опозиција. Со тоа им покажавме и на граѓаните и на нашите меѓународни партнери дека европската интеграција е стратешка определба во која сите веруваме и за чие што остварување сите придонесуваме – рече Османи, и посочи дека верува дека на октомврискиот самит земјите-членки ќе донесат одлука која ќе даде импулс за натамошен напредок на земјава, импулс кој ќе има позитивно влијание и врз останатите процеси во регионот, а ќе претставува и позитивен придонес во создавањето постабилна, побезбедна и кредибилна Европска Унија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Чавушоглу: Секогаш ја поддржуваме Македонија, очекуваме конкретни чекори за ФЕТО

saso user

ПОЦ ги „освежува“ паркиралиштата во Центар

saso user

ЗНМ бара МТВ и МИА да вработат дописници

saso user