Сцена

Марина Абрамовиќ ја спасила Леди Гага од пеколот на дрогата ФОТО

Планетарно популарната пејачка Леди Гага (33) признала дека во повеќе наврати користела забранети супстанции, а од пеколот во кој ја вовлекле опијатите, ја спасила познатата српска уметница, пишуваат српските медиуми.

Години подоцна, сопственичката на хитот „Shallow“ открила дека болките кои ги предизвикува грчењето на мускулите ги ублажувала со консумирање опијати во неверојатни количини, но дека сега дури и тој период е зад неа.

Познато е дека Леди Гага соработувала со Марина Абрамовиќ (72) во текот на 2013 година, по што тие останале на пријателски односи, а сега братот на славната српска уметничка тврди дека неговата сестра, всушност, била заслужна затоа што пејачката се ослободила од зависноста и престанала да ги користи забранетите супстанции.

– Марина ја однесе Гага во некоја куќа во Џерси. Колку што сум запознаен, таму престојуваат луѓе кои се лекуваат од зависноста од опијати. Знам дека тоа лекување е чудно и дека тие трчаат голи низ некоја трева. Сепак, тоа помогнало и на Леди Гага да се излекува од зависноста од дрогата со помош на Марина – рече Велимир Абрамовиќ за спрските медиуми.

FOTO: Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Рајко Дујмиќ е болен и затворен, а на сопругата не смее да и пријде

saso user

Транссексуалката што ќе го отвори Евросонг ќе ги збесни верниците ширум Европа ВИДЕО

saso user

Меган Маркл го објави стапалото на бебето, милион „лајкови“ за два часа ФОТО

saso user