Македонија

Во „крајслер“ пронајдени 12 мигранти од Бангладеш, приведени двajца

На автопатот Скопје-Велес изутрината околу три часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција во патничко моторно возило „крајслер“  пронашле 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.

Како што соопшти денеска МВР од страна на полицијата бил запрен „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(25), во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.

При преглед на возилото биле пронајдени 12-те мигранти, по што Ф.И. и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Најмногу дожд падна во Маврово и во Лазарополе

saso user

Филипче: Само ограничување на движењето засега дава резултати и го намалува бројот на пациенти, смета Филипче

saso user

Михаил Трендафилов – Нанче e кандидат на ГДУ за градоначалник на Охрид

saso user