Македонија Топ вести

Во Клиничката болница во Битола вработени 134 лица, магнетната резонанца ќе снима до полноќ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола, каде одржа работна средба со директорот д-р Зоран Лазаров, соопшти министерството за здравство.

– Во Клиничката болница во Битола се реализирани 134 вработувања, а на 13 ангажирани со договор на дело следува постапка на трансформација на нивниот работен однос. Ги зголемивме платите на здравствените работници, за тие да бидат мотивирани во својата работа, да останат и да работат во нашата држава. За четиригодишниот период одобрени се вкупно 931 специјализација. Покрај грижата за здравствените работници, во оваа болница подобрени се и условите за престој во болница. Во тек е ставање во функција на акцелераторот за терапија на малигни заболувања, истакна министерот Филипче.

Изготвен е проект за темелна реконструкција на амбулантно-поликлиничкиот дел во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

– Реновирани се болничките соби и амбулантскиот простор во Службата за дерматовенерологија, како реновираната лекарска соба, преадаптирана и реновирана втора амбуланта во Службата за неврологија за ЕМГ и ЕЕГ дијагностика. Ставена е во употреба и болничка соба за хоспитализирани пациенти со рани (varices crusis). Во тек е темелна реконструкција на санитарниот чвор, бањата и дневната болница во службата за педијатрија, потенцираше директорот Лазаров.

Клиничката болница во Битола ги зајакна капацитетите со нова медицинска опрема преку сопствени средства и донации. Набавен е современ апарат за електрокоагулација, апарат за механичка вентилација и апарат за континуирана, торокална дренажа.

Исто така, обновен е сетот за ендоскопска биопсија и реализирани се две донации од Кралството Шведска за подобрување на условите, употребувани, стандарди болнички кревети, два монитори за стандарден хемодинамиски мониторинг, еден канпометар и оксилог, ортопедски помагала, медицински униформи, пневматски борери за ортопедија и травматологија.

Првпат магнетната резонанца во Клиничката болница работи секој работен ден до полноќ и до 18 часот за викенд. Со ова, намалено е времето за чекање, а на пациентите им е овозможена подобра здравствена услуга, тогаш кога им е најпотребна.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Жбогар: Убеден сум дека Европската комисија ќе препорача преговори со Македонија

saso user

Приведен маж од Ваксинце, во негов објект пронајдени 81 мигранти

saso user

Новиот претседател влезе во вила „Водно“

saso user