Сцена

Братот на Кејт Мидлтон бил на раб на самоубиство, војвотката го однела на психијатриско лекување

Борбата со депресијата ги погодува сите сегменти на општеството, а дури и членовите на кралското семејство не се ослободени од неа. Братот на Кејт Мидлтон одлучил да ја раскаже својата приказна.

Џејмс Мидлтон (32) открил дека неговата постара сестра Кејт, како и остатокот од семејството, го спасила со тоа што го однела на психијатриско лекување додека се борел со депресијата.

Во интервјуто за британскиот „Телеграф“, тој рекол: „Ништо не можев да правам, да работам, не можев да спијам, да читам, да јадам… Се повлеков во себе. Мислам дека тогаш, пред неколку години, ја достигнав најниската точка во мојот живот.“

Тој открил дека имал самоубиствени мисли пред да започне со процесот на едногодишната терапија, во кои повремено учествувале и Кејт, мајката Керол, таткото Мајкл и сестрата Пипа.

Станувало збор за когнитивно-бихевиорална терапија која му помогнала да се бори против депресијата, но Џејмс нагласил дека значајна поддршка му пружиле и неговите домашни миленици – кучињата. Токму поради оваа причина, тој во моментов работи и за добротворната организација „Домашни миленици како терапија“ (Pets as therapy).

Претприемачот неодамна се сврши со девојката, Французинката Ализе Тевенет по една година врска. Џејмс исто така рекол дека со нетрпение очекува да изгради дом со својата идна сопруга и домашните миленици.

 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина актерката Силвија Мајлс од „Полноќен каубоец“

saso user

Во Украина загина роднината на Силвестер Сталоне ВИДЕО

saso user

И Тамара со смарагдниот фустан меѓу најлошо облечените на Евровизија

saso user