Спорт

Белгија, Италија, Русија и Полска обезбедија учество на ЕУРО 2020

Репрезентациите на Белгија, Италија, Русија и на Полска неколку кола пред крајот на квалификациите изборија пласман на Европското првенство 2020 година.

Белгија и Русија на две кола пред крајот ги обезбедија првите две места во И-групата.

Италија, иако до крајот има да одигра уште три натпревари, го обезбеди првото место во Ј-групата.

На две рунди до крајот во Г-групата, Полска е сигурна на едно од првите две места.

Европското првенство ќе се одржи во 12 града во исто толку држави ширум континентот во периодот 12 јуни – 12 јули 2020 година.

Жрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт.

ФОТО: EPA / Leszek Szymanski

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Вернер ќе стиска палци за Лајпциг во Лигата на шампионите

saso user

Вардар 1961 е единствениот наш претставник во ракометната Лига на шампиони

saso user

Јунајтед дава 40 милиони фунти за Мегваер,но ни цент повеќе

saso user