Урбани вести

АСФАЛТИРАНИ ТЕСНИ УЛИЧКИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО ОПШТИНА ОХРИД

Деновиве започнаа активности за санација на уличната мрежа и асфалтирање на тесни улички на подрачјето на општина Охрид, во согласност со Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година.

Веќе е завршено асфалтирањето на 4 улички во село Лескоец, 3 краци на улицата „Српница“, еден крак на улицата „Радојца Новичиќ“, 2 улички во село Пештани, една уличка во населбата „Елешец“, една уличка кај поранешна „Застава“, 2 крака од улицата „Александар Турунџе“ во селото Велгошти, една уличка во населбата „Видобишта“ и по една уличка во селата Шипокно и Коњско.

Активностите за асфалтирање ќе продолжат и во текот на наредниот период на повеќе локации  во градот и останатите населени места.

За оваа намена од буџетот на општина Охрид  предвидени се 7.508.375 денари и планирано е да бидат поставени околу 1550 тони асфалт.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Градоначалникот Ногачески најави нови проекти во локалната патната инфраструктура

saso user

Митре Милошевски вршел сериозни нарушувања на изборниот процес, ЈОРМ да покрене истарага по ДОПРЕН ГЛАС.

saso user

ГРДАНОСКИ МУ ОБРУСИ НА САШО ДОНЕВ

saso user