Балкан

Загреб постави семафор за пешаците кои ѕурат во телефонот

Во рамки на кампањата „Ден без мобилни телефони во сообраќајот“, во Загреб е поставен нов вид семафор, кој фрла светлина веднаш пред пешачкиот премин, за црвеното светло да го видат и оние пешаци и велосипедисти кои се приближиле до крстосницата, но се фокусирани на своите телефони.

Овој вид семафори е инсталиран првпат во Хрватска, а целта на овој пилот-проект е да ги предупреди и пешаците и велосипедисти за опасностите на кои се изложуваат.

Според истражувањето, дури 50 отсто од пешаците и 33 отсто од велосипедистите користат мобилни телефони додека преминуваат улица, а 20 отсто од нив не забележуваат дека на семафорите се вклучило црвено светло, бидејќи нивните погледи и размислувања се насочени кон екраните на нивните телефони. јавува Хина.

Семафорот првенствено има функција за предупредување.

Кога на пешачки премин ќе се појави црвено светло, тој го проектира на тротоарот, така што црвено светло се проектира на екраните на телефонот во кој гледаат пешаците, наместо да ги следат настаните околу себе.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во центарот на Љубљана печат македонски ајварки

saso user

Курти најави заеднички седници со владите на Македонија и Црна Гора

saso user

Во Равена запленети 163.000 литри нафта шверцувана од Албанија

saso user