Балкан

Два земјотреси го погодија грчкиот остров Закинтос

Два земјотреси со јачина од 4,4 и 4,2 степени го погодија денеска грчкиот остров Закинтос и ги вознемирија туристите и локалното население.

Епицентарот на првиот земјотрес бил во морето јужно од островот, на длабочина од 20 километри, додека епицентарот на вториот бил исто во морето западно од островот, на длабочина од 9,2 километри, пренесе новинската агенција „АНА“.

Грчкиот сајт „Катимерини“ потсети дека островот во октомври минатата година го стресе земјотрес со јачина од 6,4 степени што предизвика голема материјална штета.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Американскиот амбасадор во Србија секојдневно навредуван на Твитер

saso user

Србија се нуди да биде мост на подадени раце меѓу Русија и САД

saso user

„Њујорк тајмс”: Власта на Еди Рама е неповредлива, поддржана од САД и ЕУ

saso user