Балкан

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) денеска и официјално ја призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ).

Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним.

На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност. 

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Само што почна преткампања: предизборна „глупологија“

saso user

Коцијанчич: Косово да ги укине таксите, а Србија да обезбеди клима за дијалог

saso user

Девојче во Србија побегнало со братучедот во кој било заљубено

saso user