Сцена

Восочна фигура во спомен на Авичи во музејот „Мадам Тисо“

Како спомен на шведскиот диџеј Авичи, кој минатата година изврши самоубиство, во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк е поставена негова восочна фигура.

Тим Берглинг, како што беше неговото вистинско име, прикажан е зад миксетата со слушалки околу вратот, подигната рака, широка насмевка и качкет свртен наопаку. Токму онаков каков што го памтат неговите фанови.

„Мило ни е што на Тим му е оддадена почит на овој начин и се надеваме дека фигурата ќе им донесе радост на сите кои го сакаа него и неговата музика“, рекле родителите на Авичи.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кралицата ѝ го одзеде накитот на Меган

saso user

Кристина Димитриевска – поранешната сопруга на Кајмакоски го запали инстаграм со новите фотки

saso user

Шакира ќе сведочи за затајување на данок во Шпанија

saso user