Урбани вести

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ СО СЛОВАЧКИОТ АМБАСАДОР МАРКУШ

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонја, Хенрик Маркуш и Проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра, Проф. д-р Мартина Павликова.

Словачката делегација ја сочинуваа и професори на Факултетот за социјална наука и здравство и Факултетот за Средноевропски студии во рамки на овој истакнат универзитет.

На средбата беше оценето дека постојат отворени можности за продлабочување на соработката со општина Охрид во областа на образованието, културата и имплементацијата на европски проекти. Исто така беше разговарано и за можностите за студентска размена и стекнување на нови искуства во областа на високото образование.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ГЕОРГИЕСКИ ИГРА МАЈТАП И СО УНЕСКО И СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!?

saso user

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 2-РИ АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

saso user

Два настани во охридската Библиотека

saso user