Досие Македонија Топ вести

„Рекет“ заврши, Фросина го познава Боки13 од телевизиски Хотел, правдата на колена?!

Ременски -„не чувствувам вина“, Боки 13- „Имам право на живот“, Ката наша Јанева, не дава исказ, ама сака да се пазари со Вилма, Кичевски ќе чека по дома, Јасна Мандиќ, како што и објавивме вчера ,си остана во домашен притовр.

Исто така, и главната асистентка на Боки 13, која со месеци наназад ја брануваше јавноста под псевдонимот „Кики“извесна Кики Карајованова, ќе добие мерки на претпазливост, а можно и домашен притвор, од причина што има двомесечно бебе и, вчера токму од таа причина не можеше да биде стражарно доведена заедно со Јасна Мандиќ пред судија на претходна постапка, туку добила наредба, денес сама да се јави да даде исказ.

Од друга страна, во својство на жртви се јавуваат „наивните“ бизнисмени Мицевски и Амзовски, кој ете така лесно ги излажале погоре наведените лица?!

Сите тие се жртви, никој не е виновен, додека со правосилна пресуда не биде осуден, но и тогаш повторно кога би ги запрашале, истие ќе се осеќаат невини, дека биле сите тие „наместени“ жртви !!

Од толку „жртви“ најголема жртва е народот кој трпи секакви будалетинки, на кој сите криминални дејствија им се опростуваат со децении!

Помпезно најавуваната, сега екс специјална обвинителка Катица Јанева, која таа и СЈО претставуваа некаква си светла точка во владеењето на правната држава, го урниса народниот сон за мебел од 5000 евра и 50.000 евра во кеш.Толку чинише сонот за правната слобода?!

Тотално е небитно како каква завршница ќе има и оваа фарса наречена „Рекет“, од едноставна причина, што на крај еден дел од нив ќе ја здувнат од РСМ низ тенката и порозна гранична линија на РСМ, како што ја здувнаа Груески, Бошковски, Никола Груевски, двајца убици на деца во Охрид и ред други. И, дечкиве од „рекет“ ќе уживаат во ќешот, исто онака како што уживаат лоповите од НЛБ банка…

Едночинката „Рекет“ ,ќе заврши исто онака како што заврши „Тат“ , „Лавци“, „Југо Реклам“ и многу други финасиски афери, зошто главниот актер на севкупната прикаска „Рекет“ Орце Камчев, Цветан Панделевски и дузина бизнисмени, ги нема никаде во обвиненијата? Да ги печалеле поштено, нема да ги давале така лесно милионите на будалетинки, кој добро ги познавале.

П.С.Кога се познава Ремеснки со Боки 13 од на телевизија, како што таа изјавуваше, редно би било да се изјасне, дали Хотелското –  елитистичка лумперајка во елитен хотел во Охрид, каде направиле, а не платиле сметка од 496.000,оо денари, во придружба со нејзиниот сопруг и Лила Филипоска, а и Боки 13, имаат намера да ја плати?!

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Кои хемикалии се излеале во ОХИС ќе се испитува во странска лабораторија

saso user

Јанева не е во хашкото одделение во затворот Шутка за да не се сретне со Боки 13

saso user

И утре опасно топло, од четврток значителна промена

saso user