Здравје

Пет работи кои ќе ве разбудат побрзо и подобро и од кафето

Заморот е честопати предизвикан од стрес, недостаток на вежбање, но исто така и од лоша исхрана или работна околина па може да се појави во најнезгодните моменти.

За среќа, постојат начини како да ја кренете енергијата без кафе.

Дремнете 20 минути

Истражувањата покажуваат дека потребни се само 20 минути дремка за да се разбудите попродуктивни и поенергични за да можете да продолжите таму каде што сте застанале. Одморајте се на темно место без некој или нешто да ви пречи. По одморот, измијте со ладна вода и излезете на кратка прошетка.

Седете исправено

Истражувањата покажале дека седењето во исправена положба помага во борбата против заморот затоа што го зголемува нивото на кислород во нашата крв. Други истражувања покажале дека луѓето кои седат исправено имаат тенденција да бидат подобро расположени и да доживеат помалку негативни емоции во споредба со оние што седат во подгрбавена положба.

Добро насмејте се

Смеењето има многу здравствени придобивки, а една од нив е што нè прави поенергични и побудни. Кога се смееме, вдишуваме воздух богат со кислород што ги стимулира нашето срце и мускулите и го зголемува нивото на ендорфин (хормна на среќата) во крвта. Како резултат на тоа, смеењето ни дава повеќе енергија.

Помирисајте стапче цимет

Мирисот на цимет има неверојатен ефект врз човечкиот мозок затоа што ја интензивира активноста на мозокот и се бори против губењето на меморијата и нервната напнатост па затоа размислуваме побрзо и попродуктивно.

Измасирајте ги стапалата за ублажување на стресот

Стресот е една од причините поради која се чувствуваме исцрпени до крајот на денот, пишува порталот за „Индекс“. Добрата масажа за ослободување од стресот може да направи чуда за вашето изморено тело. Стапалата содржат над 7.000 нервни завршетоци, 19 различни мускули, 107 лигаменти и 26 коски, а притисокот што се применува на одредени делови на стапалото може да ја намали болката, стресот и заморот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Престанете да купувате ѓумбир, насадете го сами дома

saso user

Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават првите симптоми

saso user

Намирници кои го чистат телото од никотин

saso user