Број на текстови објавени денес: 93
Македонија Топ вести

Фросина Ташевска  Ременски осумничена во „Рекет“.

Пратеникот и потпретседателка на Собрание на РСМ Фросина Ташевска  Ременски е еден од осомничените функционери во „Рекет“ . Ременски е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во дело на исплата на средства за фиктивна изградба на старечки домови во Битола, Струга,Охрид и Скопје , на сметката на Меѓународниот сојуз ,каде Ременски била почесен претседател.

„Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, брифираат од  обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција на РСМ.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тиквешани бараат спас во Луда Мара, кучиња по фонтани (ФОТО)

saso user

Албанија и Северна Македонија се координираат за почеток на преговорите со ЕУ

saso user

„Цивил“ поднесе пријава за предвремено започнување на кампањата за Силјановска

saso user