Број на текстови објавени денес: 98
Урбани вести

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СО УЧЕСНИЦИТЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ЛИЦА НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ, ПОСВЕТЕНА НА ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците  и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.

На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени со работилницата кои се однесуваат на заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку разни информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите традиционалните и социјалните.

Работилницата се одржува во Охрид, од 06-12 октомври како месец посветен на  борбата против сајбер – криминалот, а учество имаат земено 70 претставници од 20 држави.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА БИЗНИСОТ

saso user

Охрид го доби за градоначалник, старо-новиот градоначалник Константин Георгиески

saso user

При крај се подготовките за рушење на дивоизградените објекти во Охрид

saso user