Број на текстови објавени денес: 102
Спорт

Полицијата ги спречи фудбалерите на Црвена Звезда да влезат во Косово

Натпреварот меѓу фудбалските клубови Трепча од Косовска Митровица и Црвена Звезда од Белград нема да се одигра, откако косовската полиција денеска на граничниот премин Јариње не му дозволи влез во земјата на автобусот со фудбалерите од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Натпреварот во рамките на купот на Србија требаше да се одигра денеска во 15 часот, меѓутоа претходно тој беше забранет од Фудбалската федерација на Косово (ФФК).

Информацијата за одложувањето на натпреварот во изјава за медиумите на српски јазик во Косово ја потврди и директорот на фудбалскиот клуб Трепча, Бојан Јакшиќ.

Вчера, како и во неколку случаи порано, ФФК ги повика косовските безбедносни власти да не го дозволат одржувањето на натпреварот.

ФФК се противи на учеството на српски клубови од Косово во натпреварите во Србија, инсистирајќи дека само таа има право да организира натпревари на територијата за Косово и, како што објавија приштинските медиуми, „за обидот на Србија на ваков начин да интервенира на косовска територија“ се жалела и во УЕФА и ФИФА.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Урнат женскиот рекорд на Скопскиот маратон

saso user

Вардар по втор пат го „тепаше“ европскиот шампион Монпеље

saso user

Роналдо: Многу сум среќен што ѝ помогнав на Португалија да стигне до финалето

saso user