Спорт

Пике: Алергичен сум на дресот на Реал Мадрид

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике уште еднаш го „пецна“ лутиот ривал Реал Мадрид.

– Никогаш не сум носел дрес на Реал Мадрид. Имаше моменти кога го менував дресот  по мечот со играчите на мадридскиот тим, но никогаш не сум го носел. Зошто? Јас сум алергичен на Реал Мадрид – изјави 32-годишниот играч на каталонскиот клуб.

Пике е „дете“ на Барселона. За каталонскиот тим во првенството на Шпанија, тој одиграл 318 натпревари, во кои постигна 28 голови.

ФОТО: EPA / Alejandro Garcia

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Синот на црногорското МВР ги плукаше кошаркарите на Црвена ѕвезда

saso user

Меси го критикуваше Реал дека дозволил Роналдо да си замине

saso user

Клоп: Важна ни беше победата, а не играта

saso user