Број на текстови објавени денес: 93
Урбани вести

ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ СЕ ЗБРАТИМИ СО ТЕХНИЧКАТА ШКОЛА ОД ВАЉЕВО

На покана од директорот на  „Техничка Школа“ – Ваљево , Бранко Голоскоковиќ, а по повод патрониот празник на училиштето  на 05.10.2019 година, присуствуваше делегација од ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид предводена од  директорот Сашо Недески.

Slika 11     Slika 15

„Техничка Школа“ – Ваљево започнува со работа на 05.10. 1939 година како електромашинска школа во просториите на Гимназијата и Основното Училиште. Генерацијата на ученици запишани во 1959 година започнуваат со настава во новата зграда каде што наставата се изведува и денес. Од 27 јануари 2007 година училиштето го носи името „Техничка Школа“. Во училиштето се образуваат ученици во четири струки и тоа: машинство и обработка на метали, електротехника, геодезија и градежништво и сообраќај.

Slika 5   Slika 13  Slika 12

Оваа година прославуваа јубилеј 80 години од нејзиното постоење. На Свечената академија која се одржа во Домот на култура присуствуваа претставници од Министерството за образование на Србија, Локалната самоуправа како и претставници од стручни училишта од Истанбул, Велење, Ниш, Суботица, Белград како и претставници од компаниите соработници на училиштето.

Slika 24    Slika 10

По повод јубилејот беше објавена и Монографија за „Техничка Школа“-Ваљево

Slika 19      Slika 2

На другарската вечер, која се одржа во клубот во состав на училиштето беше потпишана повелба за збратимување од страна на директорите на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид и „Техничка Школа“ – Ваљево. Притоа беа договорени активности во смисла на посета на ученици и професори на двете училишта, посета на часови, одржување на меѓусебни спортски натпревари,како и запознавање со културата и историјата на градовите Охрид и Ваљево.

Slika 1   Slika 8

Slika 11    Slika 20

Slika 18    Slika 17

Посетата заврши со желби за успешна и трајна соработка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

СДСМ: Ја разбираме нервозата на Мицкоски, владата предводена од Заев сработи и тоа сите го поздравуваат

saso user

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

saso user

СЕ ОДРЖА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“

saso user