Број на текстови објавени денес: 102
Сцена

Новиот дечко ја изненади Мајли Сајрус во болница ФОТО

Славната пејачка и актерка Мајли Сајрус (26) заврши во болнички кревет. Таа добила воспаление на крајниците, а на Инстаграм напиша дека се обидува што побрзо да оздрави.

Поранешната сопруга на aктерот Лиам Хемсфорт закрепнува во прегратката на ново момче, пејачот Коди Симпсон.

Мајли открила дека нејзиното момче Коди Симпсон (22) ѝ помага за да закрепне побрзо.

Коди ја изненадил за време на посетата со букет рози, а легнувајќи во нејзиниот кревет, на гитарата и ги отсвирел нејзините омилени песни.

Во болницата покрај неа била и нејзината мајка на која исто така таа ѝ се заблагодарила за неизмерната поддршка која и ја дава постојано.

Инаку, Мајли по осум месеци брак се разведе од Лиам Хемсфорт, па почна врска со својата пријателка Кејтлин Картер, а сега веќе е во врска со долгогодишниот пријател Коди Симпсон.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Меган шокира со прескапиот подарок од Хари ФОТО

saso user

Кијану Ривс повторно покажа дека не е ѕвезда, туку обичен смртник: Еве што направи сега ВИДЕО

saso user

Принц Вилијам: Ако моите деца се хомосексуалци, тоа е сосема во ред

saso user