Број на текстови објавени денес: 98
Спорт

Лев: Ноер е број еден во германската репрезентација

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев истакна дека голманот на Баерн, Мануел Нојер е првиот негов избор на голманската позиција.

– Како што веќе неколку пати реков, Мануел Ноер е наш капитен и, според тоа, наш број еден во оваа фаза, ако не се случи ништо неочекувано – истакна Лев.

Претходно, голманот на Барселона, Марк Андре тер Штеген побара тој да биде прв голман во националниот тим.

Следуваше реакција од Баерн со закана, доколку Ноер биде сменет од Тер Штеген, тогаш во репрезентацијата нема да бидат пуштени играчи од баварскиот клуб.

ФОТО: EPA / SASCHA STEINBACH

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пливал 56 часа и 36 минути во океан и го соборил светскиот рекорд

saso user

Клинсман доби повеќе од 3,3 милиони долари од Фудбалската федерација на САД

saso user

Перо Антиќ претседател на Олимпискиот Совет на МОК

saso user