Сцена

Ким Кардашијан ги крштеваше децата во црква во непристоен фустан ФОТО+ВИДЕО

Старлетата Ким Кардашијан Вест пред неколку дена отпатувала за Ерменија, од каде потекнува татко ѝ, за да ги крсти своите три деца, Сент, Чикаго и Псалм.

Со оглед на тоа дека семејството Кардашијан има потекло од Ерменија, старлетата решила таму да ги крсти децата.

Ким на својот Инстаграм-профил објавила видео на кое се гледа како, со Псалм во рацете, оди кон катедралата облечена во долг фустан.

Но, нешто друго го привлекло вниманието на присутните и на корисниците на социјалната мрежа.

Ким избрала долг сив фустан за крштевките, а нејзиниот задник е во преден план, дури и кога оди во црква на крштевка.

„Дали таа носи пелени?“, „Ах, зошто ги гледам рабовите на шорцевите ако има своја линија на тесна долна облека?“

Tаа неодамна лансираше линија на долна облека, која е промовирана на социјалните мрежи како важен производ за жени и ја обликува нивната линија. Но, поради оваа снимка, многу луѓе се прашуваат дали производот на Ким е навистина добар колку што таа тврди. Ким не потврди ниту негираше дека носи мидер „Скимс“ под фустанот.

На ова патување ѝ се придружила и постарата сестра Кортни Кардашијан со нејзините три деца – Мејсон, Пенелопа и рејн, додека Канје Вест не присуствувал на крштевањето.

Ким и Канје првата ќерка Норт ја крстија во Ерусалим, во Ерменската апостолска црква.

 

Screenshot: Instagram/kimkardashian

Screenshot: Instagram/kimkardashian

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

ФОТО: Твитер / „Е! News“

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Ласт експедишн“ се враќа на сцената по 22 години

saso user

Ексклузивен концерт на Раде Шербеџија во Скопје

saso user

Елтон Џон и „Парамаунт“: Рускиот дистрибутер цензурира сцени од геј секс во „Рокетмен“

saso user