Број на текстови објавени денес: 93
Сцена

Кевин Спејси тајно во посета на Белград ФОТО

Холивудскиот актер Кевин Спејси тајно престојува во Белград, пишуваат српските медиуми. Спејси бил во посета на Народниот театар, а потоа бил виден низ улиците на српската метропола, пренесува „Блиц жена“.

Актерката Вања Милачиќ објави фотографија на Инстаграм на која таа и нејзината колешка Марија Вицковиќ се во друштво на оскаровецот, а покрај неа таа напиша:

„Кевин Спејси дојде на генералната проба на претставата ‘Сон на летната ноќ’, проект Шекспир. Спектакуларна круна на возбудливиот процес на работа на претставата. Вечерва премиера“.

Според „Блиц жена“, актерот бил исклучително љубезен и пријатен.

Спејси дошол во Белград во строга тајност за да снима серија, но не е познато за кое остварување станува збор.

Тоа е првиот проект во кој Спејси е ангажиран по обвинувањата за сексуална злоупотреба на едно момче пред две години.

FOTO: Instagram/Printskrin

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Тамара за „Фокус“: Донацијата од Боки од 10.000 евра никогаш не беше реализирана

saso user

Бали-бег му отвори Инстаграм-профил на неродениот син! ФОТО

saso user

Гвинет Палтроу живее со сопругот четири дена во неделата

saso user