Досие Македонија Топ вести

КИРИЛ БОЖИНОСКИ, АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН ГО СОЗДАЛЕ ХАОСОТ ВО ЗАШТИТЕНА ЗОНА ВО СВЕТИ НАУМ , СДСМ ГО НАДОГРАДИЛЕ И АМИНУВАЛЕ!

Хаосот и анархијата кој владеат во строго заштитена Зона, Извори на Црни Дрм во место Свети Наум -Охрид, продолжува. Покрај согласноста која во 2015 година ја дало Министерството за животна средина на РМ, која покасно во 2019 година, без никаков правен основ, склучена е спогодба помеѓу НП „Галичица“ Охрид и  фирмата која стопанисува со угостителскиот објект „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум.

ОД ОБЈЕКТ ОД ВРЕМЕН КАРАКТЕР, ДО ИЗВОР НА ПАРИ?

Угостителскиот Објект „Острово“ кај Свети Наум, претставува објект од времен карактер во сосптвеност на А.Д.„Охрид Турист“-Охрид во сопственост на М6 или како главен сопственик се јавува Свето Јаневски, кој попатно е сопственик и на Скопска Пивара. М6, станува доминантен сопственик на А.Д.„Охрид Турист“ низа една правно недоискажана судска до ден денес постапка, или станува поточно сопственик на најзначајните хотели, ресторани и авто кампови во Охрид.

Ресторанот „Острово“ е изграден во далечната 1970 година, по барање на тогашниот Командант на 3-та армиска област на ЈНА, Генерал Васко Карангелевски. Од тогаш, па се до денес ресторанот „Острово“ е објект од времен карактер, на земјиште сопственост на РСМ, кое РСМ го дало да стопанисува и да се грижи со него Националниот Парк „Галичица“.

Во 2009 година А.Д.„Охрид Турист“-Охрид, најнапред ресторанот „Острово“ го дава под наем на поранешниот директорски тим од АД „Млекара Битола“. Како течело покасно давањето на времениот објект под закуп на други сопственици, не знаеме, но она што се говори низ охридскиот туристички еснаф, е тоа дека А.Д.„Охрид Турист“-Охрид  годишно инкасира над 30.000 евра на име на закупнина. Од оваа закупнина, пародијата да биде поголема НП „Галичица“, не добива ниту 1 денар, како тогашен сопственик на земјиштето?! Овој однос, само по себе има значение, дека некој упорно си прави пари, по основ на закуп на објекти и земјиште, на кој тој не е сопственик, туку едноставно единствени кој губат се државата, НП Галичица и секако граѓаните на РСМ, додека М6 за период од 10 години, само по основ на кирија од закуп на ресторан „Острово“, ги исплатила парите со кој го купиле поголемиот дел од имот на А.Д.Охрид Турист-Охрид.

ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН, МИТРОПОЛИТИОТ ТИМОТЕЈ, КИРИЛ БОЖИНОВСКИ СИ ГИ ЗЕМАЛЕ ИЗВОРИТЕ НА ЦРНИ ДРИМ КАЈ СВЕТИ НАУМ?!

Во 2013 година, тогашниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Кирил Божиновски, заедно со поглаварот на МПЦ ОА г-дин г-дин Стефан и митрополитот Тимотеј, спровеле експресна дводневна постапка за денационализација. Имено Стефан и Тимотеј побарале од ВМРО ДПМНЕ повраток на имот кој наводно во 1945 бил одземен од МПЦ, конкретно за место викано „Ресторен Острово“. Тогаш во 2013 година, со одлука на Влада на РМ, експресно се враќа овој дел на Извори на Црни Дрим на МПЦ, поточно како имот на Дебарско Кичевската Епархија предводен од Митрополит Тимотеј. Истиот ден кога со одлука се враќа имотот на МПЦ, се рскинува договорот за закуп на земјиште помеѓу АД„Охрид Турист“ Охрид и НП Галичица, а се врши и раскинување на договор за закуп помеѓу АД „Охрид Турист“ и „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум, а се склучува нов договор, каде како давател на закуп се појавува МПЦ Дебарско Кичевска Епархија и фирмата „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум, сето тоа во еден ист ден?!!

Договорот помеѓу МПЦ ОА и „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум, секако дека претставува „Црковна тајна“?!

КИРИЛ БОЖИНОВСКИ И АРХИЕПИСКОП СТЕФАН ТАЈНИ СОПСТВЕНИЦИ НА ОСТРОВО КАЈ СВЕТИ НАУМ??!!

Јавна тајна низ угостителскиот еснаф во Охрид, а и помеѓу граѓаните на Охрид е фактот дека зад целиот бизнис со ресторанскиот дел на „Острово“ кај Свети Наум, како и во делот со нелегалната узурпација и изградба на угостителски објект во старото градско јадро, м.в.Ј’но во Охрид, стои Кирил Божиновски и ВМРО ДПМНЕ од една страна и Архиепископот Стефан од друга страна. Она што до сега во пракса во Охрид со изградба на нелегални градби и узурпации на земјиште е јавна тајна, не е само спорниот објект на Ј’нот во Охрид „Ноа“, туку и таткото на  Александар Николовски изградил дивоградба во месноста Свети Стефан на сама обала на Охридското Езеро, каде амин добил од Митрополит Тимотеј, зошто на тоа место на црквата и било вратено 100 мкв земјиште по основ на денационализација!?

Она што години назназад ја потресува МПЦ и ВМРО ДПМНЕ, заедничко е тоа што скоро сите атрактивни хотелски капацитети, ги зема од ВМРО ДПМНЕ, МПЦ ОА, која покасно се јавува како нивни издавател на правни и физички лица, нешто што беше пропратено со низа скандали, како што е случајот ссо Хотел “Бисер“, Хотелот “Изгрев“, „Хотелот „Маркони“ кај Свети Наум и други…??

Не се воопшто чудни скандалите кој ја тресат МПЦ ОА со луксузните возни паркови, глисерот на Архиепископот Стефан од 250.000 евра лоциран кај Хотел „Бисер“ Струга..

ОНА ШТО ГО СОЗДАДЕ ВМРО КАКО НИВНИ ИМОТ, СДСМ ДОБРО ИМ ГО ЧУВА И НАДОГРАДУВА?!

Пародијата да биде поголема и, покрај тоа што добро се знае, дека ВМРО ДПМНЕ и МПЦ ОА навлегле во противзаконски дејствија, новата влада предводена од СДСМ се јавува како добар ЧУВАР на нивниот незаконски стекнат имот, но и како добри домаќини кој сакат да го надоградат криминалот?!

Издавањето согласност за поставување на сплавови во строго заштитена зона -извори на Црни Дрим,секако дека преставува одлука која сама по себе е скандалозна и спротивна на Закон.покрај тоа што се земал во предвид изготвен елаборат и согласност од Министерство за животна средина од 2015 година , истиот во 2019 година ,не може да има правно значение , од едноставна причина ,што истиот бил изготвен земајќи во предвид тогашните услови ,кој од месец во месец се променуваат,и истото решение нема правен основ послем 4 години , или секој правен акт има важност од 1 година .Зошто НП „Галичица“,не побарала основно потребна документација за склучување на Спогодба  од фирмата „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум, во смисол како Договор за закуп, тековна состојба и ДРД Образец од ЦРМ, доказ за сопственост, гаранција дека ќе се придржува кон членовите кои се предмет на спогодбата? поголема непознаница секако преставува фактот , што и ако е забранета пловидба со Сплав во строго заштитена зона , а воопшто и според Закон за пловидба Сплав не смее да плови, нејасно е како тоа и НП „Галичица“ како и надлежните испекциски служби , никогаш не сакаат да покренат испекциски надзор над работата на „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум и ако според Закон се должни?!

Нејасно е и како Езерската Капетанија на пристаништа на РСМ,која е должна согласно Законот за внатрешна пловидба да изврши испекциски надзор над пловните објекти во строго заштитена зона -извори на Црни Дрим кај Свети Наум и , покрај тоа што истите вработени во Капетанијата уживале на седенки на сплавови , не санкционирале и не поднеле соодветен прекршочен и кривичен поднесок?!

С.Денесовски -Лично

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Пожарите уништија и над 300 хектари шума во Националниот Парк Галичица

saso user

Заев: Да не треба херои да ги направиме обвинетите од СЈО?

saso user

ДОБРИ ВЕСТИ ОД НАСА: Земјата денеска е позелена отколку пред 20 години

saso user