Број на текстови објавени денес: 93
Македонија Топ вести

Заев: Ќе ја отстраниме Ременски од функциите во партијата

Стоиме на своите ставови и ќе го отстраниме функционерот од сите обврски во партијата, рече премиерот Зоран Заев по информацијата дека новоосомничена во аферата „Рекет“ е потпретседалката на Собранието од редовите на СДСМ, Фросина Ременски.

– Стоиме на звборот. Кога некое лице ќе биде осомничено или обвинето ние ги применуваме санкциите, односно ќе го отстраниме од функциите во партијата. Тоа ќе ги примениме во овој случај – рече Заев.

Тој додаде дека кога влегол во прес-салата добил информација за последната изјава на јавниот обвинител, но не ги знае деталите и најави конкретен став за утре.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Друже Заев, не ти се виновни новинарите, исчисти си во твоите редови, а потоа обвинувај.

saso user

Чудна коинциденција – судијката што пресуди во корист на 1ТВ против ДИК, му пресуди и на ИВЗ!

saso user

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, нивната судбина е во рацете на Јовески

saso user