Број на текстови објавени денес: 93
Балкан

Во Србија почнува меѓупартиски дијалог со посредство на Европскиот парламент

Во српскиот Парламент денеска ќе се одржи првата средба на која претставниците на власта и опозицијата, со посредство на Европскиот парламент, ќе разговараат за изборните услови.

Претседател на Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, изјави дека партиите ќе треба да постигнат консензус за чекорите што сакаат да ги преземат со цел подобрување на работата во Парламентот и условите за одржување избори.

Изразувајќи надеж дека политичките актери „итно ќе најдат заедничко решение за надминување на сегашната состојба“, Мекалистер рече дека бојкотите „тешко се квалификуваат како одржливо демократско решение“.

– Нашиот предлог е да го олесниме процесот на меѓупартиски дијалог, партиите ќе мора да постигнат консензус за чекорите што сакаат да ги преземат за да се подобрат условите за работа во Парламентот и за одржување парламентарни избори – рече Мекалистер.

Партиите од владејачката коалиција најавија дека ќе учествуваат во разговорите во српскиот Парламент, додека пратеникот на Српската радикална партија (СРС) Александар Шешељ побара состанокот со поранешните европратеници да се откаже, оценувајќи дека со нивното доаѓање се понижува највисокото законодавно тело и оти Парламентот сам треба да ги решава своите проблеми.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

За убиството на Чурувија вкупно 100 години затвор за припадници на српската ДБ

saso user

Покренато обвинение против Тодориќ и уште тројца, Нобило изненаден

saso user

Брнабиќ со партнерката на гости кај премиерот на Луксембург и неговиот сопруг

saso user