Број на текстови објавени денес: 98
Здравје

Бела ротква: Јапонците ја викаат „чистач на телото“

Оваа коренеста билка добро поднесува ниски температури, затоа се одлични за консумирање во текот на есенските и зимските денови. Освен што има интересен вкус, одлични се и за здравјето, но и за добар изглед на телото.

Белите роткви имаат многу малку калории, 18 калории во 100 грама. Благодарение на својот богат и делотворен состав, белата ротква се смета за супер храна, а Јапонците ја нарекуваат „чистач на телото“.

Некои од најзначајните предности на употребата на белата ротква ја вклучува нејзината способност да спречи одредени видови на рак, јакнење на системот за имунитет, ги намалува воспаленијата, го подобрува варењето, врши детоксикација на телото, јакнење на коските, го поттикнува јакнењето на респираторното здравје и стимулира губиток на килограмите.

Белата ротква содржи значителна количина витамин Ц, минерали како калциум и калиум, железо, гликозиди, сулфурно масло, ензими и други активни состојки.

Големите количини ензими помагаат во варењето на мастите и скробот.

Благодарение на ниската калориска вредност и големата количина влакна, одличен сојузик е во борбата против вишокот килограми.

Белата ротква како лек:

Белата ротква содржи и други фито-хранливи материи кои се значајни во борбата против ракот. Покрај тоа, содржи и состојки кои имаат бактерицидно и фитонцидно делување.

Има антибактериско и антивирусно делување, па се користи кај настинки и кашлица, и стимулира исфрлање на секрет и ги елиминира патогените микроорганизми, со што се подобрува респираторното здравје, а исто така се намалуваат и воспаленијата во телото.

Значајна е и за здравјето на дигестивните органи, благодарение на ензимите кои ги содржи го олеснува и го регулира варењето.

Има диуретично дејство. Го поттикнува излачувањето на вишокот вода и токсини од организмот, па може да се користи и за детоксикација на организмот, како и за подобра работа на бубрезите.

Исто така, содржи антиоксидативни фенолни соединенија кои имаат антиканцерогено дејство.

Листовите од бела ротква се особено богати со витамин Ц, па можете да ги користите за приготвување на вкусна салата која ќе го зајакне вашиот имунитет.

Поради големата количина на калциум, е можно и подобрување на здравјето на коските.

Маслото од бела ротква се користи за нега на кожата, особено против стареењето и за нега на сувата кожа.

Може да го намали крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта, а делува поволно и на здравјето на срцето.

Фото: Pixabey

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Добро размислете пред да ги исфрлите млечните производи од исхраната!

saso user

Исфрлете го секретот од белите дробови на природен начин

saso user

Природен еликсир против воспаленија, болки и рак, а толку вкусен…

saso user