Бизнис

Светска банка ја ревидира прогнозата за раст на економијата на 3,1 отсто

Светска банка ја ревидира стапката на економски раст за годинава од 2,9 на 3,1 отсто. Во најновиот регионален извештај оценува дека Северна Македонија и Косово се единствените земји во регионот на Западен Балкан во кои има позитивни трендови кај растот за разлика од другите држави во регионот кај кои има забавување.

Како што беше посочено на денешната презентација на извештајот во Скопје и во наредните години се очекуваат позитивни трендови и проектиран раст од 3,2 во наредната и 3,3 во 2021 година.

Ова е презентација на 16. издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Нов царински терминал на Ќафасан

saso user

Енергетски ознаки за секоја зграда, стапи на сила Законот за енергетска ефикасност

saso user

Преку интернет ќе се следи што садат земјоделците

ohrid_user