Број на текстови објавени денес: 93
Сцена

Братот на Ким Кардашија не излегол од дома 800 дена

Роберт Кардашијан, најпознат по појавувањето во шоуто „Во чекор со Кардашијан“, веќе не се појавува во ријалити шоуто, а нути на ниедно друго место. Како што пренесува американскиот портал „Радар онлајн“, 32-годишниот Роб деновиве прославил јубилеј со кој баш и не може да се пофали – дури 800 дена тој не е виден во јавноста.

Она што е уште повеќе вознемирувачко е што тоа непојавување не е само кога зборуваме за јавноста, туку и за неговото семејство. Поточно, пријателите и семејството на Роб велат дека ретко го гледаат. Тој излегува од куќата само ако таа навистина е потребно. Последен пат го фотографирале пред дури две години кога ја однел својата двегодишна ќерка Дрим, која ја добил со поранешната девојка Блек Чајна, на лекар.

Кога пред повеќе од две години ја започна врската со 31-годишната старлета, неговото семејство првично се противела на врската. Но, кога виделе дека таа има позитивен ефект на него, тие ја прифатиле. За само неколку недели, Роб тогаш ослабел десетици килограми. Сепак, најголемата промена што му се случи беше раѓањето на ќерката Дрим, која му донела голема среќа. Поради неа, тој „запливал“ во деловните води и покренал сопствена модна линија. Сè се срушило кога Роберт дознал дека Блек Чајна го изневерувала со неколку мажи во нивниот брачен кревет.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Хитмејкерот Диџеј Снејк доаѓа на EXIT на 6. јули

saso user

Рита Ора им купи на родителите вила во Приштина од 1,5 милиони фунти ФОТО

saso user

Ед Ширан со апсолутен рекорд: Ја одржа најголемата, најпосетената и најплатената турнеја во историјата на музиката

saso user