Број на текстови објавени денес: 93
Uncategorized Досие Македонија Топ вести

ПОПИСОТ ВО РСМ НЕДОСТИЖЕН, АХМЕТИ ЌЕ ОДГОВОРИ КОЛКАВ КОЛИЧНИК СЕ ДОБИВА НА СТЕПЕНУВАНА НУЛА?!

Пописот на население или цензус претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава. Со пописот на жителите,  се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. Гранката на статистиката која се занимава со пописот се нарекува – Пописна статистика. Поголемиот број на држави ги организира пописите во точно одредени временски делови, кој е обично период не поголем од 10 години. Популационата комисија на Обединетите Нации дала предлог заради компарација на податоците, пописите да се обавуваат на крајот на секоја декада или на почетокот на секоја деценија. Пописите кои се поврзани со економијата (фабрики, рудници, претпријатија, фарми) се прават по сосема  друг распоред. Тие се прават во критичен момент (Цензусен ден) кој го одредува државата со акт на законодавниот дом.

Примитивни облици на попис на население и домаќинсства, биле правени од страна на Вавилонците (3800 п.н.е), Грците, Евреите, Кинезите, Египќаните и Римјаните. Вакивиод вид на  попис се правел со цел да се евидентира воената сила, како и со цел исполнување на даночни обврски. Првиот модерен попис е направен на Француската територија во Канада во 1665 и 1666 година.

Во Македонија историски најпрецизни пописни податоци имаме од времето на османлиското царство, од нивна страна последниот попис на население и домаќинства е направен во 1903 година. Османлиите правеле попис на секој 5 години,а во Архивот на Р.Турција, може да се најдат прецизно спаковани сите пописи кој биле правени на територијата на Македонија. Во 1914 година, попис првело и Краљевина Србија, но она што е запаметено, е фактот, дек катастарската евиденција за движење на имот во РСМ, како основ се применува катастарскиот преглед кој бил направен од страна на Кралството на Србија во 1920 година.

Последниот попис во РСМ е направен во 2002 година, тогаш и тој беше пропратен со низа од скандалозни записи, со цел на една етничка заедница да му се додаде одреден цензус на насленение, нешто што во Статистиката не е дозволено.

Во РСМ нема ниту официјална, а богами се калкулира со големи неофицијални бројки на население, што претставува основен темел на сите изборни нерегуларности! Впрочем и избирачкиот список во РСМ, е целосно невердостоен и, на тој начин доаѓаме до низа можности од изборни нерегуларности, кој после се пеглаат од страна на Државната изборна комисија?!

Пописот на население, секако дека е основна цивилизациска вредност на една држава. Секоја држава треба да има уреден попис на население и имот, доколку има намераа да биде држава со сите нишани. Пописот никогаш не смее да зависи од политичка волја на одредени партиски политички проеминенции,како што е случајот со политичката глупост во РСМ.

Државата е должна да спроведува попис.Пописот претставува вкупен процес на:

– прибирање,

– обработка,

– оценка и анализа, како и

– дисеминација на податоци за населението, домаќинствата и становите во една држава.

Пописот го спроведува Државниот завод за статистика, без било какви политички и други притисоци.

За жал, се додека во РСМ пописот на население и имот преставува одредена партиско политичка волја, со цел да се калкулира со цензус на одредена етничка групација, Европската Унија ќе биде далеку недостижна за нас и како народ и како држава.

П.С.Зотри Ахмети, дај објасни на науката колкав е резултатот кој ќе се добие доколку се степенува бројот Нула (0)?

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

14 јуни – Духовден, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

saso user

Кучиња придружници на лицата со посебни потреби ќе се возат во автобус и кабина на Жицарницата

saso user

ДИК: Излезноста до 13 часот е 20,73 отсто

saso user