Сцена

Маркл бакната од порно ѕвезда, немало втора средба

Манекенот и поранешен порно глумец Сајмон Рекс во интервју изјави дека во минатото се гледал со сегашната сопруга на британскиот принц Хари – војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

– Ја бакнав, а таа ме оттурна. Тоа беше многу непријатно. Рече нешто како: „О, боже, си јадел лук!“ Испаднав глупав, па се смеев. Не беше безобразна, ништо налик тоа, беше само искрена – раскажува Рекс.

Потоа Маркл не сакала повторно да се видат, но не само поради лукот, туку највројатно и затоа што тој глумел во филмови за возрасни.

– Можно е да дознала. Има толку прашања на коишто и јас не го знам одговорот. Не знам зошто немаше втора средба, но мислам дека е најмногу поради лукот – рече Сајмон.

Освен во порно филмови, тој глумеше и во серијалот комедии „Страшен филм”. Се пробал и во музичката индустрија.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Анџелина Џоли во фустан што „додава“ облини ФОТО+ВИДЕО

saso user

Професорка спиела со 5 ученика, а пронашле и експлицитни снимки! ВИДЕО

saso user

Контроверзниот пејач Божо Вреќо со концерт во Скопје

saso user