Досие Македонија Топ вести

Додека не забавуваа со Нефи Усеини, Владата на РСМ на седница донела одлука за развој на криминал кај Свети Наум

Министерот за транспорт и врски во Владата на РСМ Сугаревски, в’чера во својство на министер, им даде грејс период на узурпаторите на јавни добра:

– „Препораките на УНЕСКО треба да се спроведат, но не треба да се прави фама дека сѐ што побарале од УНЕСКО оти сите дивоградби треба да бидат урнати до февруари. Тоа е класична манипулација, но факт е дека со јасна динамика и зацртан план Општина Охрид веќе постапува во делот на дивоградбите“ – изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид, каде учествуваше на 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори.

Класично манипулативна е ваквата изјава на Сугаревски, во делот на квази легализирање на прекршителите на Кривичниот Законик. Доколку на овој начин размислува ресорен министер, тогаш сосема оправдано е и инертното (не)постапување на надлежно Јавно Обвинителство.

Според Кривичниот Законик, дивоградба и узурпација на Јавно Добро, претставува Кривично Дело, кое се санкционира согласно ЗКП. Исто така согласно кривичниот законик на РСМ, оној кој има селективна важност во смисол удри на послабиот, материјалните добра стекнати по основ на Дивоградба и Узурпација на Јавни површини, се оддземаат трајно во корист на РСМ.

ЗОШТО НЕМА НИКОГАШ ДА НЕ БИДЕ!

Се додека извршната власт, меша прсти во Судската и Јавно обвинителската власт, не само што сме милиони светлосни години далеку од европските вредности, каде и долниот веш го соблековме пред комшиите, туку за толку сме подалеку да постаниме бакар малку, за момент правна држава.

Но за потсетување на премиерот Заев и силните „јаки“ министри и советници, квази советници и медиумската нивна глутница задолжена за спин пофалби, да ги вратиме назад малку во нашата понова „државничка“ историја :

1.Покојниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, во 1993 година ја воспостави тезата на „Еквидистанца“. Тогаш уште во 1993 година, од страна на членките на ЕУ и САД, бевме прогласени за лидери на Блакан во политичка, економска силна држава на Балканот.Тогаш, како што не брифираа медиумите, Република Македонија, само што не влегла во семејството на ЕУ?!

И тогаш, но и денес реториката е иста ! Хрватска, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Романија, онака лабаво не заминаа во патот кон европските вредности, а ние и денес останавме на тој пат на Еквидистанца, со симнат долен веш, па кој помине нека ни го плесне, секако за доброто на генерациите….

НАМЕСТО БЛЕД ПОПУЛИЗАМ, ВЛАДАТА ДА СИ СЕ СПРАВИ СО ДИВОГРАДБИТЕ.

Време би било наместо секојдневни изнесени глупости, кревање на некаква си фама за владеење на правото или како што милуваат да нарекуваат правна држава (спроведување на пишани закони), наместо да го прфрлаат жешкиот 29 годишен зажарен Костен на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, Владата на РСМ ,согласно свои надлежности и обврски, да си ја преземе акцијата за рушење на дивоградбите, но и да бара спроведување на кривичниот законик за сите кој се огрешиле.

Но наместо Владата на РСМ да санкционира, таа спроведува друга тајна бизнис политика, каде се надоградуваат и наградуваат прекршитечите на Кривичниот Законик.Така таа на владина седница, во време кога Охрид е цел на секојдневна медиумска хајка под плашт на УНЕСКО, Владата на РСМ, замислете на владина седница на ден 20-08.2019 година, дава согласност за поставување на пловни сплавови и други реквизити, во строго заштитен појас Извори на Црни Дрим Свети Наум, во корист на приватна фирма „Острово БДБ“ ДООЕЛ Благоја Ристески-Љубаништа Свети Наум?!

Од една страна има голем притисок Општина Охрид да ги отстрани дивите објекти, од друга страна Владата на седница легализира анархија и уништуваање на најзначајниот Еко систем во Охридското Езеро?! Доколку за спорната пицерија на Советникот Нефи Усеини, секојдневно се креваше тензија низ цела Македонија, Владата со одлука го легализзира криминалното уништување на Еко системот во Изворите на Црни Дрим во Свети Наум, а попатно му дава амин и за дивиот објект и платформа во месноста Ј’но во стариот дел на Охрид, веднаш до терасата Аквариус, каде истиот нема ниту една педа сопствено земјиште, а истото го добил од поранешниот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ Кирил Божиновски, кој стои зад севкупниот бизнис со Острово и Ноа.

Охрид наликува на дивиот запад од 1800 година, кој како дојде стави колец, си направи објект, тера бизнис, тоа е негово?! Дали таквата пракса ќе продолжи во Охрид, ќе зависи од фактот дали државата ќе спроведува закони или со неспроведувањето ќе го засили криминалот во охридското крајбрежие?!

С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Заедничкото гранично управување со Србија почнува утре, двојно ќе се намали чекањето

saso user

Момировски: Се уште нема конкретно решение за цистерната со винил хлорид кај „ОХИС“

saso user

МВР НА СРМ, БИЛТЕН НА НАСТАНИ ЗА ДЕН 17-02-2019 ГОДИНА

saso user