Досие Македонија Топ вести

„КЕШ КОЛИЧКАТА“ ГО УНИШТИ СТРОГО ЗАШТИТЕНОТО ПОДРАЧЈЕ КАЈ СВЕТИ НАУМ,ОД НП„ГАЛИЧИЦА“ И ДРЖАВАТА МОЛК?!

Законите се пишуваат за да се почитуваат ,како и сите институции, правни и физички субјекти ,кога донесуваат решенија,акти и други дејствија , задолжително треба тоа да го прават согласно законските одредби.Посебно во делот ,кога такви акти прават надлежни министерства ,јавни установи , Влада на РСМ, задолжително мора да внимаваат при издавање на решенија, акти и сл. да не се водат од лични или партиски интереси , туку напротив да се почитуваат законските прописи, никој не може да биде над Задкон или Устав, како што ниту еден интерен акт , може да биде над законите?!

За жал традиција постана во РСМ ,да се издаваат решенија спротивни на Закон , а се постапува по некакви си издадени решенија ,кој немаат правно значение, или истите се со поминат законски рок,но кај нас и да се најде некој си праисториски Ферман ,за поединци , тоа е Свето писмо ??!!

ВО СРЦЕТО НА НП„ГАЛИЧИЦА“ ВО СТРОГО ЗАШТИТЕНА ЗОНА, СО АКТ ДОЗВОЛЕНА АНАРХИЈА??

Кога во РСМ се се одвива по познатиот своевремено београдски раперски хит од 90-тите години на Juice-„Кеш Колица“,никој не водел грижа за Строго заштитената зона -Изворишта на Црни Дрим кај Свети Наум!

Извориште на Црни Дрим кај Свети Наум ,има две значенија за РСМ , првата е строго заштитена зона – Природен Резерват на сложен екосистем ,а втроријот факт е оној од високо безбедносен аспект , зошто истиот е на строгата граница помеѓу РСМ и Р.Албанија. До 2009 година , во овој дел беше ограничена пловидбата со чамец на весла за туристички потреби, поточно се вртеше само во делот на првиот остров , натаму до делот на централното извориште , пристапот беше строго забранет и беше прогласен за строго гранично контролирана зона.Но тоа беше некогаш , кога државата беше заинтересирана за својата граница и национално добро .Сега овој дел е претворен во место з арзаврат и блуд , место за добра рута на секаков вид на шверц,а за таа цел ,некој од групацијата „Кеш Колица“,дал согласност за пловидба на сплавови , кој можат да пловат и во вечерните часови, нешто што до 2009 година беше буквално незамисливо, со чамец на весла се пловеше до 16 часот,а управувачите на чамците ,мораа да поминат низ строгата конторла на УБК и Воено разузнавање,поради пловидба во граничен појас.

Денес  приватната фирма „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“ ,добила за 100.000,оо денари, дозвола да прави што сака , додека оние кој се задолжени ваквата глупава анархија да ја сопрат , ја надоградиле со одобение ,некаква си спогодба , која е спротивна на Закон?!Зошто од НП „Галичица “ нокој не превзема ништо и ако се должни да воведат ред согласно своите овластувања , не знаеме, но државата дека треба наитно да воведе ред, тоа е нешто штоп мора час поскоро да го направи.

Но еве што вика Законот,а што не почитува Министерство за животна средина и просторно планирање и ЈУ НП „Галичица“Охрид:

1.Природа е целокупната биосфера, вклучувајќи ги: компонентите на биолошката разновидност, живеалиштата, геолошките формации, минералите и фосилите, како и другите физичко-географски појави на Земјата;
2. Биолошка разновидност е севкупност на живите организми како составен дел на екосистемите, а го вклучува разнообразието внатре во видовите, меѓу видовите, како и разнообразието на екосистемите;
3. Компоненти на биолошка разновидност се видовите на растенија, габи и животни со нивните живеалишта, нивниот генетски материјал и екосистемите;
4. Пределска разновидност е просторна структурираност на природните и антропогените пределни составни делови (биолошки, геолошки, геоморфолошки и културни карактеристики);
5. Предел е област (топографски дефинирана територија) која ја доживува населението и чии карактеристики се резултат на акцијата и интеракцијата на природните и/или човековите фактори, или зона која локалното население и посетителите ја доживуваат според визуелните карактеристики што се резултат на природни или културни фактори. Пределот ги рефлектира промените кои се случиле и/или се случуваат како резулатат на природни сили или човекови активности во кои се опфатени културните и природните компоненти заедно;
6. Пределски типови се меѓу себе блиски предели што се обединуваат заради сличните релјефни, хидролошки и климатско-вегетациски карактеристики;
7. Традиционални карактеристики на пределот се антропогено
модифицираните природни карактеристики на пределот настанати како
резултат на некогашниот традиционален начин на искористување на
земјиштето; процесите што се одвиваат во овие предели се блиски до
природните;
8. Природно наследство се делови на природата и локалитети кои се состојат
од геолошки, физичко-географски или биолошки формации или група на
такви формации, кои имаат исклучителна вредност од естетска,
конзервациска или научна гледна точка. Природно наследство може да биде:
заштитено подрачје, строго заштитен или заштитен див вид, карaктеристични
минерали и фосили, спелеолошки објекти или природна реткост;
9. Статус на природно наследство е посебен статус на заштита кој подразбира
преземање на посебни мерки и активности за заштита на карактеристиките
поради кои се стекнува статусот и се доделува согласно со одредбите на овој
закон;
10. План за управување со заштитеното подрачје е плански документ во кој
субјектот задолжен за работите на управување со заштитеното подрачје ги
планира мерките и активностите за заштита на природното наследство;
11. Заштита на природата е трајно зачување на природните ресурси,
генофондот и природните услови на животот кои се од егзистенцијално
значење за опстанокот на човекот и за задоволување на неговите економски,
здравствени, рекреативни, научни и културни потреби;
12. Ex-situ заштита е зачувување на компонентите на биолошката
разновидност надвор од нивните природни наоѓалишта во зоолошки градини,
аквариуми, ботанички градини, дендрариуми итн. и, исто така, зачувување на
геолошките појави надвор од природните наоѓалишта, главно минерали/стени
и фосили во музејски или приватни збирки;
13. In-situ заштита е зачувување на природните екосистеми и живеалишта,
како и одржување и ревитализација на видовите способни за опстанок во
нивната природна средина, а во случај на култивирани растенија и домашни
животни во средината во која што ги развиле своите специфични својства;
зачувување на геолошките појави е заштита на местото на настанување или
наоѓалиштето на минералите/стените и фосилите;
14. Живеалиште е карактеристична средина каде што одреден вид може да се
сретне во рамките на своето природно распространување. Се состои и од
нежива средина како почвен тип, клима и друго и од жива средина како
видови коишто живеат со дадениот вид и можат да имаат важна функција во
животниот циклус на тој вид;
15. Тип живеалиште е конкретно живеалиште, определено со специфичниот
состав на видови, во кое се населени конкретни видови, а се однесува на
природни живеалишта; одделен тип живеалиште не е определен од
локалитетот;
16. Состојба на зачуваност на природното живеалиште е збир од фактори што
дејствуваат на природното живеалиште и на неговите типични видови кои би
можеле да влијаат на неговата долгорочна природна распространетост,
структурата и неговите функции, како и на долгорочниот опстанок на
типичните видови. Состојбата на зачуваност на едно природно живеалиште е
поволна кога:
– природното распространување на дадениот тип живеалиште и подрачјата
што ги опфаќа во рамките на тоа распространување се стабилни или се
зголемуваат,
– се одликува со специфична структура и специфични функции што се
неопходни за неговото долгорочно одржување и кога е реално (веројатно) дека
специфичната структура и функции ќе продолжат да постојат и во догледна
иднина и
– состојбата на зачуваност на неговите карактеристични видови е поволна;
17. Загрозен тип живеалиште е живеалиште што не се наоѓа во поволна
состојба, или му се заканува опасност од исчезнување;
18. Екосистем е просторно, помалку или повеќе, ограничен динамичен
комплекс на биоценозата и неживата средина што заемно влијаат еден на
друг како функционална целина;
19. Биоценоза е функционален збир на сите популации на организми
вклучувајќи микроорганизми, растенија и животни што населуваат определен
биотоп;
20. Биотоп е неживиот дел од екосистемот и неговите карактеристики и
процеси како почва, карпи, вода, воздух, клима, релјеф и друго;
21. Хабитуелни карактеристики се надворешните (морфолошки)
карактеристики на примерок од одреден вид;
22. Плавени рамнини се рамнини што периодично, но редовно се поплавуваат
и се карактеризираат со специфична вегетација и богата биолошка
разновидност;
23. Природно богатство е секој изворен составен дел на природата, како
растенија, габи, животни, минерали, фосили, вода, почва итн.;
24. Природен ресурс е секој составен дел на природата кој човекот го
искористува за остварување на економски цели, во смисла на овој закон, тоа е
природно богатство;
25. Природна рамнотежа е состојба на меѓусебно урамнотежени односи и
влијанија на живите организми меѓу себе и со биотопот;
26. Див вид подразбира вид или подвид растение, габа или животно кој не
настанал под влијание на човекот како последица на одгледување;
27. Автохтон вид е вид што природно се среќава во одреден екосистем на
одредено подрачје;
28. Алохтон вид е туѓ, неизворен вид во одреден екосистем на одредено
подрачје, туку, таму е намерно или ненамерно интродуциран, најчесто од
страна на човекот;
29. Популација е збир на просторно и временски поврзани единки од ист вид
коишто непречено можат да се вкрстуваат;
30. Истребен вид (EX) е оној вид за кој постојат историски податоци за неговото
постоење, но со интензивни истражувања во соодветните живеалишта не се
најдени живи примероци или други живи форми на видот;
31. Вид истребен во природата (EW) е оној вид за кој е познато дека опстојува
само како култивиран, одгледан во заробеништво или натурализирана
популација надвор од познатиот ареал на распространување на видот, а со
интензивни истражувања во соодветните живеалишта (во соодветно време) не
се најдени живи примероци или други живи форми на видот;
31-а. Критично загрозен вид (CR) e вид кој ги исполнува меѓународно
прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на
нив се смета дека се соочува со екстремно висок ризик од исчезнување во
природата;
32. Загрозен вид (EN) е вид кој ги исполнува меѓународно прифатените
критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на нив се смета
дека се соочува со многу висок ризик од исчезнување во природата;
33. Ранлив/чувствителен вид (VU) е вид кој ги исполнува меѓународно
прифатените критериуми за класификација во оваа категорија и врз основа на
нив се смета дека се соочува со висок ризик од исчезнување во природата;
33-а. Близу засегнат вид (NT) е вид кој не ги исполнува критериумите за
критично загрозен, загрозен и ранлив/чувствитиелен вид, но е близу до
исполнување на истите или веројатно ќе ги исполни во блиска иднина;
33-б. Најмалку засегнат вид (LC) е вид кој не ги исполнува критериумите за
критично загрозен, загрозен, ранлив/чувствитиелен и близу засегнат вид. Во
оваа категорија се вбројуваат широкораспространетите и бројните видови;
33-в. Без доволно податоци (DD) кога за видот не постојат доволно податоци, за
да се направи директна или индиректна процена на ризикот од исчезнување;
34. Ендемит подразбира вид или подвид чие распространување е ограничено
на одредено подрачје;
35. Стеноендемит подразбира вид или подвид чие распространување е
ограничено на многу тесно подрачје (врв на планина, клисура итн.);
36. Редок вид е вид застапен на помалку од пет локалитети во Република
Македонија, обично со мали површини, во рамките на неговиот поширок
ареал;
37. Реликтен вид е вид којшто се задржал на одредено подрачје (најчесто
рефугиум) од некоја поранешна геолошка епоха (период), во која бил далеку
пораспространет и покарактеристичен;
38. Мониторинг е мерење, следење, оцена и контрола на состојбата на
природата, односно компонентите на биолошката и пределската
разнообразност;
39. Деградација на почвата е секакво дејство или влијание врз почвата што го
намалува нејзиниот квалитет, односно нејзините производни потенцијали;
40. Деградирање на природата е состојба на природата, кога со човекова
активност се променети природните процеси во толкава мера што е нарушена
природната рамнотежа, намалена е биолошката разновидност или се
уништени природните богатства;
41. Нарушувања во природата се сите дејства или влијанија врз природата што
предизвикуваат промени на структурата на елементите на природата, како и
на процесите што се одвиваат во неа;
42. Животни услови се условите во животната средина (сите еколошки
фактори) во одредено живеалиште/екосистем;
43. Интродукција е населување на некој алохтон вид или подвид на подрачје
(екоси- стем/живеалиште) на коешто постојат приближно еднакви еколошки
услови како во неговото природно живеалиште. Не се смета за интродукција
одгледувањето на алохтони видови во контролирани услови кои
оневозможуваат внесување во природата;
44. Реинтродукција е повторно населување на некој автохтон вид или подвид
на подрачје (екосистем/живеалиште) од коешто бил порано исчезнат, а во
екосистемот сé уште постојат приближно еднакви еколошки услови како и
пред исчезнувањето;
45. Генетска разновидност е разновидноста на гените меѓу единките,
популациите, видовите и вишите таксономски категории;
46. Еколошки коридор е еколошка врска или систем на еколошки врски кои
овозможуваат движење на видовите од еден до друг локалитет/живеалиште;
47. Минерал е природно хомогено тело во кристализирана или аморфна форма
со постојан хемиски состав кој може да се изрази со хемиска формула.
Минералите, во смисла на овој закон, не се минерални суровини;
48. Фосил претставува остаток од животинско или растително потекло или
воопшто траги од живот од поранешните геолошки времиња кои се сочувани
во карпите и
49. Органот надлежен за вршење на стручни работи од областа на заштитата
на природата е орган кој ги врши стручните работи на мониторинг, водење на
евиденции од областа на заштитата на природата, како и други стручни
работи и се основа со закон.
50. Зачувување на природата е секоја постапка која се врши заради одржување
и подобрување на состојбата на зачувувањето на биолошката и пределската
разновидност, вклучувајќи и преземање на мерки за спречување и
ублажување на дејствувањата на факторите кои непосредно ги загрозуваат
видовите и живеалиштата, обично по пат на забрани и ограничувања;
51. Ревалоризација е стручно и научно проценување на вредностите на
природното наследство во функција на потврдување, проширување,
зајакнување или намалување на досегот и дејството на заштита, вклучувајќи
го изземањето или престанувањето на заштитата;
52. Живеалиште на видот е средина дефинирана со специфични абиотички и
биотички фактори на кои е изложен видот во секоја фаза од неговиот
биолошки циклус;
53. Природни вредности се карактеристики на природното наследство кои
имаат научни, естетски, здравствени, воспитно-образовни, туристичкорекреативни и други значења, поради кои природното наследство го стекнало
статусот и било ставено под заштита на државата;
54. Состојба на зачуваност на видот е збир од фактори што дејствуваат врз
предметниот вид кои влијаат на долгорочната распространетост и
изобилството на неговите популации. Состојбата на зачуваност на видот се
смета за поволна кога:
– податоците за динамиката на популацијата на предметниот вид укажуваат
дека тој се одржува на долгорочна основа како компонента способна за живот
на своите природни живеалишта,
– природниот опсег на видот не е намален и веројатно нема да се намали во
догледна иднина и
– постои, а веројатно ќе продолжи да постои, доволно големо живеалиште за
одржување на неговите популации на долгорочна основа;
55. Инвазивен вид е вид кој се вселува и надвладува во одреден екосистем на
штета на друг вид често како резултат на манипулација со животната
средина;
56. Примерок е секое живо или мртво самоникнато растение и габа или диво
животно, некои нивни делови, развојни облици, или од нив добиени
препознатливи производи, односно деривати;
57. Засегнат вид е вид во чиј природен ареал сé уште постојат доволен број
единки, но поради намалување на нивната бројност (густината на
популацијата) тој е вклучен во една од трите категории: загрозен вид од
истребување, загрозен или ранлив вид ;
58. Спелеолошки објекти се природно формирани празнини подолги од пет
метри во кои може да влезе човек, а димензиите на влезот се помали од
длабочината или од должината на објектот (пештери, понори, пропасти и
друго);
59. Природна реткост се делови на живата и неживата природа кои како
објекти на природата, поради своите научни, естетски, здравствени и други
значења, културна, воспитно-образовни и туристичко-рекреативна функција
се под посебна заштита на државата;
60. Заштитено подрачје е географско подрачје со точно дефинирани граници
кое има статус признаен и утврден со закон или друг правен акт и е
прогласено за заштитено подрачје заради остварување на долгорочна заштита
и управување преку преземање на правни и други мерки, а со цел за
постигнување на целите на зачувување на природата, продолжување на
функциите на екосистемот и со него поврзаните културни вредности;
61. Екосистемски услуги се услугите кои заради природните карактеристики
на едно подрачје се обезбедени и се достапни на сите субјекти, под кои
особени се подразбираат следниве групи на услуги:
а) поддржувачки услуги кои се неопходни за продукција на сите други
екосистемски услуги вклучително и формирање на почва, фотосинтеза,
примарна продукција, кружење на хранливи материи и кружење на вода;
б) снабдувачки услуги се производи кои се добиваат од екосистеми,
вклучително и храна, целулозни влакна, гориво, генетски ресурси, природни
лекови и зачини, суровини за фармацевтската и биохемиската индустрија и
водата за пиење;
в) регулирачки услуги се сите придобивки добиени од регулирањето на
екосистемските процеси вклучително и регулирање на квалитетот на
воздухот, прочистување на водата, регулирање на климата, регулирање и
заштита од природни опасности (поплави, ерозија, наноси и свлечишта),
контрола на штетници и заразни болести и опрашување и
г) културолошки услуги се нематеријални придобивки од екосистеми –
културни, интелектуални и духовни придобивки (преку духовно збогатување,
осознавање, инспирација и отсликување), рекреативниот туризам и естетските
вредности, на начин на кој се води сметка за вредностите на пределите;
62. Плаќање на екосистемски услуги е операционализација на начелото
„корисникот плаќа” и подразбира плаќање на надоместоци или други плаќања
утврдени преку доброволно преговарање заради постигнување на
обврзувачки договор од корисниците на екосистемските услуги од една страна
и субјектите кои управуваат со заштитеното подрачје од друга страна, со цел
за одржување, заштита и управување со екосистемите на територијата на
заштитеното подрачје од страна на субјектите кои управуваат со заштитеното
подрачје и
63. Корисници на екосистемски услуги се правни или физички лица кои вршат
дејност или активност за користење на природните ресурси надвор од
подрачјето на заштитеното подрачје и кои заради екосистемските услуги со
кои заштитеното подрачје обезбедува одржување на рамнотежата на
екосистемите, а со тоа и можност за одржливо вршење на нивните дејности
или активности, уживаат предност во однос на други правни или физички
лица кои не ги користат природните ресурси надвор од подрачјето на
заштитеното подрачје и немаат корист од екосистемските услуги на
заштитеното подрачје.
С.Денесовски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина прилепчанец по лекување кај надрилекарот од Србија

saso user

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

saso user

Почнува судењето за хеликоптерската несреќа

saso user