Спорт

Фудбалерките на Македонија утре ќе ги дриблаат Казахстанките

Македонската женска фудбалска репрезентација утре против Казахстан ќе ја бара првата победа во квалификациите за Европското првенство 2021 година. Селекторот Кирил Изов се надева на добра игра и позитивен резултат од утрешниот дуел.

– Ова е нашата прилика за прва победа во квалификациската група. Добро ги минавме подготовките, тимот е комплетен и силно веруваме во успех на утрешниот натпревар. Одигравме сосема добро и на воведниот дуел со Австрија во Виена, а тоа ни дава за право да веруваме во добар резултат. Комплетни сме и мотивирани за победа, изјави Изов за веб-страницата на ФФМ.

Натпреварот се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 15 часот.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Во Италија забрана за сите спортски настани до 3 април

saso user

Абрамович лично контактирал со Хаверц за трансфер во Челси

saso user

Серена на „Вимблдон“ ќе биде украсена со кристали „Сваровски“

saso user