Бизнис

Учеството на земјава во изградба на нуклеарната централа Белене во фокусот на разговорите Бектеши-Петков

Интересот за учество на земјава во изградбата на нуклерната централа Белене во Бугарија е уште еден чекор за продлабочување на соработката во делот на енергетиката. Земјава сака да биде партнер на Бугарија во изградбата на овој важен енергетски капацитет за што бенефит ќе има целиот регон. Ова е истакнато во Софија на средбата меѓу министерот за економија Крешник Бектеши со бугарската министерка за енергетика,Теменужка Петкова.

Како што соопшти Министерството за економија, земјава изрази подготвеност да учествува со 10 отсто во изградбата на нуклеарната централа Белене и да купува 10 отсто од произведената струја.

– Нуклеарната централа Белене е таков проект кој може да го реши дефицитот на струја во регионот. До крајот на годината ќе направиме конечна листа на стратешки партнери кои се во трка за учество во изградбата на нуклеарната централа и на почетокот на 2020 година ќе ве поканиме на техничко ниво и вие како држава и заинтересирана страна да започнете преговори со приватните инвеститори за учество во Белене – посочи министерката Петкова, стои во соопштението.

Бектеши, пак, посочи дека Владата и Министерството за економија во наредниот период ќе работат на реализација на проекти за енергетско поврзување на двете земји.

– Имаме потполно нов Закон за енергетика во кој се транспонирани европските регулативи. Работиме напорно да ги зголемиме капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори, посебно од сонце и за таа цел преминавме од фидинг тарифи на премиум тарифи. Првиот јавен повик за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште кој беше објавен пред неколку месеции е многу успешен е пример во регионот. На јавниот повик пристигна понуди од инвеститори кои бараат 0 евра премиум од државата за произведената струка – истакнал министерот Бектеши.

Министрите разговараа и за изградба на интерконекциската врска за снабдување со природен гас од Бугарија на потегот Петрич-Струмица.

Во рамки на посетата во Софија, министерот Бектеши остварил средба и со министерката за туризам на Бугарија, Николина Ангелкова со која разговараше и за развојот на туристичката соработка.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

„Дуинг бизнис“ од 2020 година ќе ги оценува и државните тендери

saso user

Горивата поевтинуваат за еден денар

saso user

Кој ќе биде универзален снабдувач со електрична енергија ќе се знае за 10 дена

saso user