Број на текстови објавени денес: 98
Tуризам Досие Македонија Топ вести

СО АМИН ОД ВЛАДАТА НА РСМ И НП „ГАЛИЧИЦА“ ДОЗВОЛЕНО СПЛАВОВСКО УРИНИРАЊЕ И ГЛУПИРАЊЕ ВО ИЗВОРИТЕ НА ЗАШТИТЕН ПОЈАС КАЈ СВЕТИ НАУМ?

Во најживописниот дел, на падините на планинскиот масив Галичица, природата, со цела своја шир ги распослала најубавите извори во Македонија, изворите на реката Црни Дрим, кој се наоѓаат во манастирскиот комплекс Св. Наум крај Охрид.

Она што е господова дарба и се она што природата успеала да создаде во пределот кај Св. Наум, преубавите извори на реката Црни Дрим, прекрасните неколку острови кои ги создала природата, со некаква си одлука на Владата на РСМ, по некакво предходно добиено позитивно мислење од Секретаријат за законодавство, Министерство за финансии и Министерство за животна средина и просторно планирање, надоврзано со некаква одлука од Министерство за транспорт и врски?!, оваа убавина, некој за личен интерес и профит буквално ја нагрдил до тој степен, што доколку не се интервенира веднаш, опасноста да се уништи ова природно богатство, не бега?!

ДЕЛОТ НА НАЦИОНАЛНИТ ПАРК „ГАЛИЧИЦА“, КАЈ СВЕТИ НАУМ ПРЕТВОРЕН ВО МЕСТО ЗА РАЗВРАТ И БЛУД?!

Имено, Националниот парк Галичица на ден 27.07.2019 година, датум кога Охрид и РСМ мака мачат во Баку – Азербејџан да го одбранат статусот на Охрид како град на УНЕСКО, оваа јавна установа задолжена за заштита на имотот и вредностите на националниот парк склучува договор со приватната фирма „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“ со кои му дозволува да се легализира 10-годишната анархија на поставените сплавови во строго заштитено подрачје за вршење на угостителска дејност на сплавови во Националниот парк Галичица – Извориште кај Св. Наум. За ваквиот безобразлук, спротивен на Законот за вршење на угостителска дејност, спротивен на Законот за национални паркови, спротивен на Законот за пловидба на РСМ, Јавната Установа НП Галичица се сгласила да зема на име на закупнина износ од 100.000 денари, а договорот го склучила за времетраење од две години?!Прилог Факсимил од Спогодба:

Она што зачудува претставува фактот дека НП Галичица склучува договор врз основа на некаков си елаборат која фирмата – закупец, „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“, од Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 05.06.2015 година, изработен од страна на лицето Ѓоко Зороски – „експерт“ за оцена на влијание на проектите врз животната средина од Охрид. Во неговото вештачење, од кога тој извршил увид врз кафезот за одгледување на риби и врз дрвените сплавови, кои се поместуваат, движат, и останатите придружни објекти го задолжил инвеститорот да го почитува, замислете- режимот на заштита односно зонирање на НП Галичица, како и сите активности кои ќе ги врши инвеститорот на подрачјето на опфатот?! Да биде потрагично, го задолжил инвеститорот сите активности да бидат координирани во соработка со НП Галичица?!

Прилог : Решение За одобрување наелаборат за заштита на животна средина:

Во наведеното криминално Решение, но и криминалната спогодба, јасно и недвосмислено може да се увиди следното:

  1. Фирмата која стопанисува, која се јавува како инвеститор, „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“, сплавовите ги има поставено повеќе од 10 години, истите спротивно на сите законски определби за вршење на угостителска дејност, како и Законот за пловидба на РСМ пловат и обавуваат угостителска дејност во целата должина на строго заштитеното подрчје, извори Црни Дрим, за што надлежните органи се прават глуви и слепи и недоветни?!
  2. Фирмата која стопанисува, „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“, за изнајмување на сплав наплаќа од 200 – 400 евра, гостите ги извршуваат своите физиолошки потреби дирекно од сплавот во изворите на Црни Дрим, долж изворите видливи се отпадоци од стаклени шишиња, чаши, тањири и сл. И наместо тоа некој да го санкционира, напротив таквото нешто во континуитет се одобрува.Она што зачудува во спогодбата е тоа , што за 6 спалва ,а се повеќе ,НП „Галичица “ наплатува 100.000,оо денари , или по сплав наплатува (обратете внимние на бројките) 16.666,66 денари, годишна месечна закупнина, или приближно онолку колку што чини едно изнајмување на сплав?!

Јавата Установа НП Галичица која ја издава спогодбата за регулирање на меѓусебни права и обврски на ден 24.07.2019 година, во член 3, укажал дека вршителот на угостителската дејност е должен да ги надомести трошиците за одржување на природната рамнотежа, при користење на природата и за уживањето на природното наследство, како и за санација на деградацијата на природата која настанува со користењето на природата и уживањето на природното наследство, но ниту во еден сегмент од спогодбата не укажале дека сплавовите не можат да пловат по должината на изворите на Црни Дрим, туку тие согласно издадениот елаборат од 05.06.2015 година од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се посочени како фиксирани платформи – сплавови кои немаат никаква можност за пловидба и треба истите да бидат прицврстени врз тврдиот објект.

Во Член 5 од спогодбата јасно и недвосмилено е наведено..„Вршителот на дејноста е должен да се придржува до насоките определени во Елаборат(изминат рок на важност 4 години),ПРИ ШТО ОСОБЕНО ДА СЕ ПОЧИТУВА ЗАБРАНАТА ЗА ПЛОВЕЊЕ….“?

ЈУ НП Галичица согласно своите законски обврски и надлежности има должност и обврска да ја раскине спогодбата согласно Законот за национални паркови, како и согласно членовите 5, 6, 7, 8 од предметната спогодба, како и да извести надлежни органи за кривичен прогон, Јавно Обвинителство и МВР за бројни злоупотреби кои инвеститорот „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“ ги прави  врз природни блага сопственост на сите граѓани на РСМ. Воедно ЈУ НП Галичица е должна веднаш да ја активира својата чуварска служба и да побара веднаш да се отстранат пловните сплавови, да побара од Министерството за животна средина и просторно планирање да се формира експресна комисија и во најитен рок да направат увид во сите оштетувања во строго заштитената зона  Извориште, кај Св Наум и веднаш по изготвувањето на извештајот, инвеститорот „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“ и нејзиниот сопственик, да се задолжат веднаш да ја надохнадат штетата предизвикана од несовесното работење.

Националниот парк Галичица, поточно вработените ,кој се задолжени согласно опис и попис на нивните работни задачи да го чуваат Националниот Парк,а патем се редовни гости во Ресторан „Острово“, јасно и недвосмислено ја гледале непочитување на Спогодбата која ја потпишале со фирмата „Острово БДБ ДОЕЛ Охрид“ !Дел од вработените во НП Галичица , ги користеле ваквите сплавовски услуги,зошто не превзеле ,ваквите незаконски дејствија да се спречат ,да се спречи уништувањето на најголемото природно благо Изворишта кај Свети Наум,ќе треба јавно да се произнесат,дали на ваков начин со тотална анархија ,се грижат за она што им е работна обврска според Закон за национални паркови , во смисла на повреда на ЗКП по Член 353?

Продолжува

Во текстот користени материјали добиени согласно Закон за слободен пристап на информации од Јавен карактер.

Сашо Денесoвски

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Ќе се гради основно училиште во Идризово

saso user

Шекеринска, амбасадори и војници ќе ја искачуваат Галичица

saso user

Калајџиев: Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната

saso user