Македонија Топ вести

Адвокатите на Јанева треба да ги видат доказите од ПИ-мерките

Адвокатите Ирена Фрчковска и Дељо Кадиев и денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да вршат увид во доказите за случајот „Рекет“ против поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, потврдуваат од обвинителството.

Ова ќе биде трет ден како тие ги прегледуваат доказите, а според најавите се очекува да ги видат и оние кои обвинителството ги собрало со ПИ-мерки од следењето на Јанева. Овие докази требаше да се декласифицираат за да можат адвокатите да извршат увид во нив.

Откако одбраната не само на Јанева, туку и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески Кичеец, ќе заврши со увидот, ќе може да предложи свои докази, материјални и сведоци.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Родителите до 31 август мора да ги вакцинираат првачињата

saso user

Вархели: Пристапните преговори со Скопје и Тирана да почнат напролет

saso user

Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија

saso user