Македонија

Заев – Мускат: Малта со силна поддршка за Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ

Засилената политичка комуникација меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи на највисоко ниво, е позитивната оцена на премиерите на Македонија и на Малта, Зоран Заев и Џозеф Мускат на средбата во Њујорк на учеството на Генералното собрание на ОН.

Заев разговараше со неговиот колега од Малта за позитивниот моментум за почеток на пристапните преговори на ЕУ со нашата земја, имајќи ги предвид оптимистичките заклучоци на Советот во 2018 и 2019 година, како и резултатите што ги испорача Македонија на планот на домашните реформи и на постигнување на стандардите за членство во ЕУ.

На средбата премиерот Мускат истакна дека Малта дава целосна и силна поддршка за Македонија за датум за старт на преговорите со ЕУ во октомври.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да зајакнат економските односи меѓу двете земји, како и соработката во образованието и културната размена, и да се поддржи соработката меѓу главните градови Скопје и Ла Валета во насока на размена на искуства во областа на инфраструктурата, заштитата на животната средина, економскиот развој.

На средбата беше нагласено дека зајакнувањето и на билатералната парламентарна соработка е од извонредно значење за двете земји.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Почина пациентка од Скопје заразена од коронавирус, а 22 се новозаболени

saso user

Димитров за “Рекет”: Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари

saso user

Студено со ветер и услови за снег

saso user