Број на текстови објавени денес: 98
Мода

Сто години убавина: Како се менуваа трендовите во шминкањето (Видео)

Велат дека светот никогаш не се менувал толку бргу, како во текот на дваесеттиот век. Тоа е периодот во кој се случија крупни промени во технологијата, урбанизацијата, стилот на живеење воопшто. Последните сто години меѓу другото, донесоа и низа промени во мејк ап индустријата.

Жените низ целиот свет, уште многу одамна почнале да носат шминка – од древниот Египет, Индија, Јапонија, па во европските земји. Дваесеттиот век донесе драстични промени во стилот на шминкање, особено на Запад. На секои десет години следуваше пособен стил, што значеше промена не само во шминката, туку и во облекувањето. Веќе кон крајот на дваесеттиот век, индустријата почна уште помасовно да произведува кармини, но и други козметички производи. За големата промена во модната индустрија во дваесеттите години од минатиот век, заслужна беше Коко Шанел.

Во продолжение, погледнете го видеото кое на симпатичен начин ве води низ турбулентиот дваесетти век, покажувајќи како се менувале стиловите во шминкањето.

Сите авторски права се задржани. Преземањето на вести исклучиво со договор со издавачот, и задолжително поставување на Hyperlink

Поврзани вести

Еве како да врзете турбан, а да изгледате модерно и шик (ВИДЕО)

saso user

Секси пожарникари од календар ќе гасат оган во женски срца

saso user

Бразилката Валентина е првата трансродова манекенка во „Викторијас сикрет“ ФОТО

saso user